Ви нудиме интересни идеи кои ќе ви помогнат хаосот во вашиот дом да го претворите во беспрекорен ред.rnrnВашите ножеви ќе бидат подобро организирани и видливи доколку ги наредите на магнетна плоча. На ваков начин, ќе ослободите простор за безброј други кујнски работи.rnrn
rnrnНесесерот за шминки не е секогаш најдобриот начин за чување на средствата за разубавување. Многу попрегледно би било доколку ги наредите на магнетна плоча (ќе треба да заалепите мали магнетчиња и на секое парче шминка). На тој начин ќе успеете многу побрзо да се нашминкате и да имате увид во својата колекција.rnrn
rnrnСите дома имаме многу кабли кои се потребни за уредите што секојдневно ги користиме. Во случај да се само приклучени и оставени, оддаваат слика на неуреден дом. Мора да се согласите дека оваа кутија е уникатна во тоа на каков начин ги собира и ги прави невидливи сите кабли.rnrn
rnrnТолку многу средства за чистење, што немаме идеја каде сите би ги собрале. Брзо можете да се снајдете во таков куп доколку ги наредите на врата, користејќи ја подлогата со џепчиња. Иако првично е наменета за чевли, во ваквиот случај би била одлично решение.rnrn
rnrnСкала закачена на ѕид наменета за сушење алишта. Одлично решение за сите домови со мал простор.rnrn
rnrnДоколку сте љубители на чизми, веројатно имате многу во вашиот плакар за чевли. За да не барате која со која си одговара пред секое излегување, организирајте ги закачувајќи ги на закачалки за пантолони.rnrn
rnrnПочнете да ги вртите обратно закачалките кога ќе ја враќате назад носената облека. За неколку месеци оние закачалки што останале непревртени се сигурен знак дека имате вишок облека која не ви е потребна.rnrn
rnrnКога станува збор за постелата, најдобар начин да ја организирате е доколку ги чувате сите чаршафи во една навлака од истиот комплет.rnrn
rnrnОбичните тегли се идеални за складирање на сите ситници кои се присутни во секој дом. Во нив можете да сместите железни пари, копчиња и разни ситни дреболии.rnrn
rnrnДоколку сте љубители на зачинета храна и поседувате многу зачини дома, ви нудиме уникатно решение за нивно складирање. Купете мали магнетни стаклени садови, ставете ги зачините во нив и залепете ги на фрижидерот.rnrn
rnrnКупете метален држач на кој ќе ги закачете сите ремени. Така ќе бидат прегледни и убаво организирани.rnrn
rnrnИ за многуте пара очила имаме решение. Потребно е само да земете голема закачалка и да ги наредите сите пара.rnrn
rnrnСите ситни работи од бањата можете да ги организирате во засебни стаклени тегли. Тие ќе бидат подобро организирани, а и вашата бања ќе изгледа чисто и уредно.rnrn
rnrnРазните декоративни алки можете да ги наредите на стаклени шишиња. Освен подобра прегледност на вашиот накит, ќе добиете плус креативен украс.rnrn
rnrnКога сме веќе кај накитот, добра идеја е долгите ланчиња и ѓердани да ги чувате закачени на метални боцки на дрвена подлога која можете да ја обложите со интересна ткаенина која дополнително и ќе го декорира просторот.rnrn
rnrnВаква табуретка е одлична идеја набрзина да го сокриете сé она што ве нервира, а не сакате да се гледа. Најдобар начин да се искористи е на брз начин да се сокријат детските играчки.rnrn
rnrnОсвен добро складирање на разните состојки во тегли со капаци што вакумираат, важно е да ги обележите. Направете налепница за секоја тегла и залепете ги. Така никогаш нема да погрешите во врска со состојката што ви е потребна.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
