Есента е обоена со специфични бои. Позајмени од природата, овие бои ги пренесуваме на нашата облека, на модните додатоци и секако, на маникирот. За да бидете во склад со природата околу вас, направете едноставен, но многу ефектен есенски маникир, кој можете да го практикувате низ целата сезона есен/зима со мали промени во изборот на боите.rnrnВи предлагаме да користите темни варијанти на портокалова и црвена до бордо, но истиов маникир можете да го направите и со нијанси на некоја друга боја која е хит сезонава.rnrn
rn
Потребни материјали:
rn
- rn011
- Три нијанси на лак за бои
- Лак за финиш
- Ленти за француски маникир
rn011
rn011
rn
rn
rn
Постапка:
rn1. Нанесете два слоја од најсветлиот лак и почекајте да се исуши.rnrn2. Внимателно нанесете самолепливи ленти за француски маникир на средината на ноктот. Можете да се послужите и со тенки парчиња селотејп, но во тој случај заоблениот ефект ќе се изгуби.rnrn3. Обојте го долниот дел од ноктот со едната нијанса, а другиот дел (до коренот) со другиот лак.rnrn4. Веднаш извадете ја лентата. Не чекајте лакот да се исуши.rnrn5. На крајот нанесете убав слој лак за финиш кој ќе му даде трајност на вашиот маникир и прекрасен сјај на вашите нокти.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
