Пластичните работи како прекинувачи, приклучоци, далечински управувачи и слично често добиваат жолтеникава боја која не изгледа убаво. Но, со помош на овој едноставен трик можете да им ја вратите прекрасната бела боја.rnrn
rnrnПред да започнете да ги отстранувате жолтите дамки од пластиката, треба да подготвите сад што подоцна ќе го наполните со вода, детергенти, мека крпа за триење на пластичната површина, суви крпи, четка за заби и гумени ракавици за да ја заштитите вашата кожа.rn
Како да ја отстраните жолтата боја од пластиката со помош на различни средства?
rnАко одлучите да користите сода бикарбона, можете да се обидете нежно да ја втриете на пластиката користејќи влажна крпа. Исто така, можете да растворите сода бикарбона во малку вода и на тој начин да се обидете да ги протриете сите површини што се валкани и добиле жолта боја.rnrnОсвен со сода, можете да го отстраните жолтилото и со помош на обичен детергент за миење садови. Треба да ставите една мала чаша детергент во сад исполнет со четири литри вода.rnrnАко претпочитате да користите некои од природните препарати за отстранување на жолтата боја од пластиката, можете да користите јаболков оцет, кој ќе го нанесете директно на површината.rnrnПокрај тоа, може да користите мешавина од оцет во комбинација со вода. Растворете малку оцет во сад со вода и испрскајте го растворот на површините што сакате да ги исчистите. Бидете внимателни со приклучоците и прекинувачите за водата да не влезе на места каде што има електрична енергија.rnrnИстите методи за чистење можете да ги примените на пожолтени ПВЦ врати или рамки, тостери, далечински управувачи, клима-уреди и слично.rnrnПогледнете го овој одличен начин за чистење на сите видови кожен мебел.