Колку и да е тешко да разберете што сакате од животот, љубовта и врските, понекогаш е уште потешко да откриете што всушност ви треба. Тука може многу да ви помогне тестот на личноста кој психолозите го користат како алатка за анализа на психолошките профили на луѓето.rnrnЖелбата за љубов и романтично поврзување ја споделуваат скоро сите човечки суштества, бидејќи таа ни овозможува да растеме, учиме и напредуваме додека го споделуваме најдоброто од себеси со партнерот.rnrnДобрата вест е дека тестовите за визуелизација се дизајнирани за да ги откриете спецификите на вашата личност.rnrn
rnrnСè што треба да направите е да ја погледнете сликата подолу и да се фокусирате на неа. Запаметете го она што прво ќе го воочите. Потоа, дознајте што открива за вас овој тест на личноста во однос на она што најмногу ви треба во љубовта и романтичните врски.rnrnАко прво забележавте…rn
1. Лице на човек
rnАко прво го забележавте лицето на човекот на сликата, вие сте личност која работи напорно за да биде почитувана и ценета од сите што ги среќавате.rnrnОва обично е прилично лесно за вас, затоа што сте добри во „читање“ на луѓето и знаете која верзија на себе да ја презентирате ако сакате да се поврзете со некого. Тоа е корисна вештина и во никој случај не е лошо за вас но, немојте да бидете премногу загатливи за другите.rnrnОна што навистина ви е потребно од љубовта е да бидете сфатени.rnrnВие сте комплицирана личност па, затоа поголемиот дел од животот го поминувате покажувајќи само еден аспект од вашата личност, па затоа другите не секогаш имаат шанса да ве запознаат целосно.rnrnТреба само да им дадете време. Фокусирајте се на создавање подлабока поврзаност со некого, а потоа дозволете му на партнерот полека да ве разоткрие целосно. На тој начин тој уште повеќе ќе ве сака и цени.rn
2. Човек со палто
rnАко прво го забележавте човекот со палтото, вие сте личност со внатрешна тага.rnrnИако на моменти станувате депресивни, вие сте многу свесни за рамнотежата помеѓу сите нешта – животот и смртта, среќата и тагата, почетокот и крајот. Тоа е потешкиот начин за перцепција на светот, но дефинитивно таквиот начин ве тера да ги цените дури и најмалите нешта.rnrnОна што навистина ви треба од љубовта е целосното прифаќање.rnrnИмате искуства од минатото кога не бевте целосно прифатени какви што сте и повеќето од вашите партнери можеби сакале да ве променат или „поправат“, не сфаќајќи дека вашата меланхолија е дел од вашата природа. Затоа, во иднина, насочете се кон некој кој може да ја прифати вашата меланхолична страна и ќе наидете на личност со која вреди да го поминете животот.rn
3. Бебе
rnАко го гледате бебето на сликата, сте личност која честопати се чувствува беспомошно.rnrnВие сте возрасен човек и знаете да се грижите за себе, но поголемиот дел од времето се чувствувате како да се вртите само во круг, чекајќи сè да се сруши.rnrnЛесно се вознемирувате и чувствувате како вечно да трчате, па не спиете доволно и често ви се случува да заплачете.rnrnОна што навистина ви е потребно во врската е да се чувствувате згижено.rnrnЈасно е дека вие не сакате да бидете „бебиња“ и веќе однамна не сте дете. Вие сте личност која длабоко посакува некој што може да ви помогне да ја поднесете тежините на секојдневниот живот, некој чие рамо е секогаш тука за вас, некој кој ви понуди кафе и ќе ги ислуша вашите проблеми. Вашата страст кон животот е одлична, но потребна ви е „карпа“ на која може да се навалите.rn
4. Волшебник
rnАко прво го забележавте волшебникот на сликата, вие сте личност која е многу љубопитна и страсна кон животот.rnrnБез оглед на вашата верба и религиозност, вие сте уверени дека овој живот на земјата не е нашиот единствен. Веројатно верувате дека тој не е ниту вашето прво битисување.rnrnОна што навистина ви треба од љубовта е духовната поврзаност.rnrnЗа вас љубовта е место каде што се чувствувате духовно исполнети. Ова не мора да значи дека вие и вашиот партнер споделувате исти уверувања, но најмногу ве привлекуваат луѓето кои поставуваат ист вид прашања за светот и универзумот.rnrnСакате личност која нема да ја ограничи вашата природа на „чуден хипик“, затоа што знаете дека кога навистина сакате некого, тоа е запишано и во ѕвездите.rn
5. Двете исти личности
rnАко прво ги забележавте двајцата исти луѓе, вие сте личност која е тврдоглава, фокусирана и има целосна контрола.rnrnТоа на вас делува исцрпувачки. Целиот живот би ви бил многу полесен кога би биле дуплирани, затоа што барем тогаш би имало уште едно друго лице кое знае каде треба да се движат нештата.rnrnМислите дека сте секогаш во право, а проблемот за сите околу вас, е што, обично е така.rnrnОна што навистина ви треба од љубовта е да успорите.rnrnВие сакате партнер кој ќе биде тука за вас, оној кој ќе биде ваш поддржувач и истовремено ќе ве мотивира и нема да се плаши да ви се спротивстави кога мисли дека не сте во право. Уште повеќе, вие сакате партнер од кој има што да научите.rnrnДа, љубовта треба да биде безбедно место, но исто така, таа треба да создаде динамика што ќе ве тера да бидете најдобрата верзија од себеси.rnrnМожеби сакате и преку овој визуелен тест на личноста да откриете каков е вашиот начин на комуницирање.
