КАФЕ ПАУЗА

Како комуницирате со луѓето? За здрави односи потребна е здрава комуникација

Како комуницирате со луѓето?

Written by

in

,

Дали понекогаш ве нервира мислата дека другите не ве слушаат? Се фрустрирате ли кога партнерот не ве слуша, а вие тукушто кажавте нешто? Дали честопати влегувате во конфликт со луѓето што ги сакате, за на крајот да сфатите дека тие не ве разбрале? Ако одговоривте позитивно на сите прашања, тогаш статијата што следи е токму за вас.rnrnКако комуницирате со луѓето?rnrnКомуникацијата е клучна за воспоставување здрави односи, без разлика дали станува збор за љубовни, пријателски или семејни. Целиот наш живот се состои од односи, а тие пак се засноваат на комуникација. Отсуството на здрава комуникација може да доведе до влошени односи како и нарушено ментално здравје.rnrnПостојат три вида комуникација: пасивна, агресивна и самоуверена.rn

1. Пасивна комуникација

rnОвој тип комуникација е окарактеризирана со потчинетост и е доста нездрава затоа што не се почитуваат сопствените потреби, а тоа може да резултира со чувство на огорченост, лутина и ментална исцрпеност.rn

2. Агресивна комуникација

rnАгресивната комуникација е исто така нездрава бидејќи не се почитуваат потребите на соговорникот. Тоа е еден вид насилна комуникација и форма на доминација.rn

3. Самоуверена комуникација

rnЗа разлика од првите два вида комуникација, самоуверената комуникација е здрава бидејќи притоа не само што го почитувате соговорникот туку и сте сигурни во себе. Само преку меѓусебна почит може да се гради заемна доверба.rnrnrnrnАко ја започнувате реченицата со „јас“, тогаш се служите со безбеден начин за обраќање бидејќи ви овозможува да ги искажете своите мисли и чувства. Истовремено, ги избегнувате обвинувањата и нападите.rnrnИзјавата: „Се чувствувам повреден/а кога доцниш два часа, а не се јавуваш“ покажува многу поголема почит отколку изјавата: „Се враќаш дома доцна, ти си бесчувствителен/на“. Тоа е напад и повик за кавга.rnrnДали ја забележувате разликата?rnrnНевербалната комуникација исто така може да се класифицира како нездрава бидејќи во себе може да крие претпоставки, очекувања, недоразбирања…rnrnКажете го она што ви е на ум, без разлика колку и да е близок вашиот однос со соговорникот — сепак никој не може да чита мисли. Само така ќе ги спречите недоразбирањата.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за здрава комуникација, можеби ќе сакате да дознаете нешто повеќе и за разликите во комуникацијата помеѓу понежниот и посилниот пол.