Една од најчестите навики на луѓето која тешко се менува е константното доцнење. Поради оваа карактеристика вие на другите им покажувате дека не го почитувате нивното време, па ниту нив самите како пријатели или соработници. Токму затоа погледнете ги навиките на луѓето кои секогаш пристигнуваат на време и кои можете да ги примените уште денес за конечно да престанете да доцните!rnrn
rn
1. Реални очекувања
rnЛуѓето кои секогаш пристигнуваат на време се свесни дека наутро им е потребно барем половина час за да се спремат – за разлика од луѓето кои постојано доцнат, кои сметаат дека 5 минути се дури и повеќе од доволно за да се истушираат, облечат и појадуваат.rn
2. Одење навреме на спиење
rnПотребни се минимум осум часа сон за секој од нас утредента да има доволно сила и енергија за нови обврски, а особено за станување навреме наутро. Ако легнувате доцна, многу потешко ќе станете следното утро и поради тоа сигурно и ќе доцните.rn
3. Дополнително време
rnЛуѓето кои никогаш не доцнат се свесни дека во меѓувреме можат да излезат безброј непредвидливи околности кои имаат моќ да ги спречат во извршувањето на своите обврски. Токму затоа и секогаш оставаат дополнително слободно време за секој случај.rnrn
rn
4. Клучот е во организацијата
rnТочните луѓе строго се држат до списоците и листите со обврски кои самите ги прават, бидејќи токму тие им помагаат да ја одржуваат својата рутина.rn
5. Без одложување
rnКога добиваат некоја задача, точните луѓе започнуваат да работат на време и ја завршуваат дури и пред зададениот рок. На тој начин можат многу брзо да започнат со исполнувањето на следната задача.