КАФЕ ПАУЗА

Подобрете го вкусот на лошото вино со овој едноставен трик

Колку и да внимавате при купувањето, понекогаш се случува да завршите со лошо вино. Но, благодарение на овој едноставен трик ќе можете да го подобрите вкусот на кое било вино со сосема малку труд.rnrn(1) Подобрете го вкусот на лошото вино со овој едноставен трикrnrnНејтан Мирволд, поранешен главен директор за технологија во Мајкрософт, го открил неговиот трик кој му помага да го подобри вкусот на секое вино што содржи вишок овошје, танин или алкохол. Имено, тајната се состои во додавањето сосема малку сол.rnrnМирволд изјавил дека овој трик прв пат го испробал пред неколку години на некоја вечера кога седел до позната винарка од Калифорнија. Таа се пожалила дека нејзиното Каберне е премногу овошно, па тој додал малку сол и виното веднаш станало посолено.rn

„Одеднаш сите на масата почнаа да го прават истото“, открива тој.

rnПокрај додавањето сол, вкусот на виното можете да го подобрите и ако го пиете во комбинација со вкусно сирење. Минатата година, експертите спровеле истражување кое докажало дека сирењето навистина може да го трансформира виното.rnrnДоколку и ова не помогне, секогаш можете да го искористите виното за некој вкусен коктел што ќе го скрие неговиот лош вкус.rnrnАко се сметате за љубители на овој алкохолен пијалак, прочитајте ги следниве 8 грешки што сигурно ги правите во врска со пиењето вино.