Обележувачите и светлата за книги одат во пар, но се продаваат поединечно. Затоа, Kyouei Design ги комбинира двете во еден уникатен и неверојатно корисен дизајн. Соодветно наречен „обележувачко светло“, оваа интересна креација има минималистички дизајн и се состои од тенка филмска лента на која има сребрено мастило изработено од нано честички кои пренесуваат струја.rnrn
rnrnОва му дозволува на дизајнот да има двојна употреба – со дополнителна литиумска батерија, обележувачот се претвора во малечко светло кое ќе ги осветли зборовите од книгата која ја читате.rnrn
rnrnНеговата природна форма е на рамен правоаголник. За да се трансформира во светло, сѐ што треба да направите е да го превиткате и да ја ставите литиумска батерија помеѓу секој крај. Ова ги активира течните кристални светла кои ќе светат сѐ додека не го одвиткате обележувачот.rnrn
Креативен обележувач за книги кој се претвора во светло за читање
