КАФЕ ПАУЗА

Топ 10 научни откритија за 2011 година

Топ 10 научни откритија за 2011 година

Written by

in

Ова е листа на најголемите научни откритија во 2011-та година според најпопуларните вести на National Geographic.rn.rn

1. Откриена авионска несреќа во Областа 51

rnОбласта 51 е создадена од страна на американската влада за време на студената војна. Местото било под врвна безбедносна заштита и токму тука тие ги вршеле сите авионски тестирања. Оваа година е откриено постоењето на прототипот А-12 чија хаварија се случила во 1963-та година. А-12 бил скоро невидлив за радарот и летал со 3.540 км на час. Со таква брзина тој можел да ја прелета територијата на Америка за само 70 минути.Топ 10 научни откритија за 2011 годинаrn

2. Пронајдена ретка ајкула „киклоп“

rnОва чудно суштество било пронајдено во Мексико во октомври. Овој фетус е долг 54 см и има само едно око сместено на врвот на главата. Оваа појава е позната како киклопија, којашто се јавува кај некои животински видови, вклучувајќи го и човекот. Постојат документирани докази за постоењето на ваков вид ајкули, но само додека се во ембрионалниот развој, односно кога се внатре во матката. Тоа укажува дека надвор од неа тие не можат да преживеат. Но, ова било така сè додека не го пронашле овој вид во водите на мексиканскиот залив. Научниците имаат уште многу да учат.Топ 10 научни откритија за 2011 годинаrn

3. Повторно активирање на супер вулкан во Јелоусотоун, Америка

rnВо Националниот парк Јелоустоун, супер вулкан повторно се активирал со што предизвикал поткревање на земјиште од неколку милји, потврдиле научници во јануари. Вриечкиот вулкан предизвикал моќни ерупции, многу поголеми од катастрофалните вулкански ерупции на планината Св. Хелена во 1980 година.Топ 10 научни откритија за 2011 годинаrn

4. Фатен најголемиот крокодил?

rnПо 3-неделно бркање, на Филипините е фатен најголемиот крокодил кој е долг 6,4 метри и тежи 1.075 килограми. Се претпоставува дека овој крокодил е одговорен за напад на неколку луѓе и за смрт на двајца. Досега, Гинисовиот рекорд го држеше Австралиски крокодил, долг 5,4 метри. Сега тој рекорд е срушен.Топ 10 научни откритија за 2011 годинаrn

5. Нов вид печурка создава „зомби“ мравки

rnНов вид од фунгите Ophiocordyceps camponoti-balzani расте на главата на мравките со што им дава чуден изглед. Првично се мислело дека тоа е формација од еден вид, но потоа било откриено дека се работи за микс од 4 видови, кои всушност имаат контрола врз умот на мравките. Овие видови ја инфицираат мравката, ù го „окупираат“ мозокот и кога ќе најдат идеална локација за развивање на спорите го убиваат инсектот.Топ 10 научни откритија за 2011 годинаrn

6. Фатена најголемата бела ајкула

rnВо заливот на мексиканскиот остров Гвадалупе е фатена најголемата риба на светот, белата ајкула. Ајкулата е долга 5,5 метри и го соборува претходниот рекорд за најголема ајкула која била долга 5,1 метар.Топ 10 научни откритија за 2011 годинаrn

7. Откриена планета погодна за живот

rnNASA овој декември го потврди постоењето на можен близнак на нашата планета, кој е оддалечен 600 светлосни години. Планетата кружи околу своето Сонце, исто како и нашата и е откриена со помош на Кеплеровата вселенска мисија. Голдилок-зоната (населива зона) на површината на оваа планета е појасот каде не е ни премногу жешко ни ладно и е можен развој на жив свет.Топ 10 научни откритија за 2011 годинаrn

8. Ископан древен град на Маите

rnАрхеологот Бриџит Ковачевич, во близина на тунел кој водел до античка пирамида, открил остатоци од град на цивилизацијата на Маите. Овој град се наоѓа длабоко во џунглите на Гватемала. Со помош на џипиес и електронски уреди, научниците полесно стигнале до овие остатоци и откриле неколку пирамиди, опсерватории и други структури.Топ 10 научни откритија за 2011 годинаrn

9. Пронајден е мечот на Црнобрадиот?

rnМоже ли оваа позлатена урна да биде дел од мечот на познатиот пират од 18-от век, Црнобрадиот? Не може со сигурност да се знае, но се претпоставува, со оглед на тоа дека е откриена во Северна Каролина крај остатоците од бродоломот, кој се верува дека е како резултат на одмаздата на кралицата Ана.Топ 10 научни откритија за 2011 годинаrn

10. Пронајдена планета слична на Земјата

rnОткриена е нова планета која е многу слична на Земјата и е на одалеченост од 36 светлосни години. Камената планета со доволно облаци може да биде погодна за живот. Наречена HD85512b, оваа планета била забележана како орбитира околу портокалово џуџе-ѕвезда во соѕвездието Вела, а е видена од HARPS во Чиле.Топ 10 научни откритија за 2011 годинаrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.