Нашиот свет е полн со неверојатни и понекогаш неочекувани факти. Со овие информации не само што ќе научите нешто ново, туку и ќе се расположите. Овие факти ќе го променат начинот на којшто го гледате светот.rn
1. Во Франција е дозволен брак со мртви луѓе
rn
rnrnВо Франција, постхумните бракови каде што еден од сопружниците е мртов се легални. Овој вид брак е легален и во Кина и во Судан. Поднесени се дузина барања во Франција од 20-тиот век до денес, и повеќето се одобрени.rn
2. Очите на нојот се поголеми од неговиот мозок
rn
rnrnОчите на нојот често се споредуваат со топчиња за билјард. Нивните очи се толку големи што во черепот може да се смести само мозок со големина на орев. Масата на мозокот на нојот е 2 пати помала од онаа на очите.rn
3. Пилата е измислена како помагало за породување
rn
rnrnВо 1830-та година, ортопедот Бернхард Хајн го направил првиот хируршки инструмент за сечење коски во кој била вклучена и пила. Пилата била неверојатно корисна при симфизотомија, алтернатива на царскиот рез.rn
4. Во Исланд било забрането да се галат кучиња цели 60 години
rn
rnrnЗабраната била ставена во 1924-та година откако се открило дека кучињата се преносители на тенија. Овој паразит е особено опасен бидејќи може да предизвика сериозни инфекции, па дури и слепило. Во 1984-та година забраната била тргната, но во текот на тие 60 години мачката станала омилено домашно милениче.rn
5. Анатидаефобија: Страв дека ве гледа патка
rn
rnrnОвој поим е создаден од Гери Ларсон кога цртал една карикатура. Таа се состоела од 2 збора – anatidae и phobia.rn
6. Наполеон бил нападнат од зајаци
rn
rnrnВо 1807-ма година, Наполеон решил да прослави со лов. Човекот одговорен за организацијата добил наредба да купи диви зајаци. Но, животните се однесувале многу чудно. Кога започнал ловот наместо да бегаат, зајаците почнале да напаѓаат. Сигурно не знаеле дека го нападнале моќниот Наполеон. Генералите и војниците веднаш почнале да му помагаат, но залудно. Она што е уште почудно е што императорот се исплашил и избегал.rn
7. Пајак вегетаријанец
rn
rnrnПостојат околу 40.000 видови пајаци во светот. Во главно тие се хранат со инсекти и други суштества. Сепак, во Централна Америка бил пронајден пајак вегетаријанец наречен Bagheera Kiplingi. Ова е првиот пајак што ни е познат што се храни само со растенија.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
