Доколку држите диета пред летната сезона, никако не смеете да заборавите дека ненадејната и брза промена на килограмите, може да влијае на кожата и да се појават стрии.rnrn
rnrnСтриите се појавуваат како последица од нагло растегнување на кожата и претставуваат еден од најголемите проблеми на изгледот на жените. Доколку некогаш во краток период имате изгубено поголем број килограми, сигурно сте се соочиле со појавата на стрии на стомакот, градите, задникот и на бутовите.rnrnДали ќе ви се појават стрии најчесто зависи од гените и од тоа колку вашата кожа е растеглива, односно колкаво количество на колаген и витамин Е содржи. За да ги победите стриите, потребно е да јадете што е можно повеќе храна богата со витамин К, Е и Ц. Истовремено, местата на кои веќе се појавиле стриите треба да ги премачкувате со препрати кои можете да си ги подготвите и дома. Ова се два сосема природни начини како да го решите овој естетски проблем.rn
Масло со камилица
rnПомешајте камилица со масло од лаванда и масло од јојоба. Со смесата секојдневно мачкајте ги местата на кои ви се појавиле стрии.rn
Масло со авокадо
rnИзмешајте авокадо, лимон и маслиново масло. Два пати неделно со помош на газа, нанесувајте ја смесата врз местата на кои имате стрии и нежно тријте.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
