Најново откритие: Контрацепција за мажи која штити од бременост и трае 8 недели

Сподели

На светскиот пазар се појави нов вид контрацепција која вклучува давање хормонални инјекции на мажите, а ефектот трае 8 недели. Хормоналната инјекција за мажи е новитет во областа на машката контрацепција и е резултат на 20-годишно испитување кое било спроведено во САД.

Реклама

Содржи комбинација од синтетички машки и женски хормони, односно тестостерон, прогестерон и естроген кои се делумно хемиски модифицирани. Тоа доведува до намалување на концентрацијата на семените клетки кај мажите и токму оттаму произлегува контрацептивниот ефект.

Но, треба да имате на ум дека овој метод, кој е тестиран на 270 мажи, не ги уништува сперматозоидите, туку само ги намалува, поради што бременоста е сепак возможна. Освен тоа, во текот на истражувањето партнерките на четворица од испитаниците забремениле користејќи го овој контрацептивен метод.

Реклама

Сепак, мора да се има предвид фактот дека ова е единствениот контрацептивен метод за мажи кој се покажал како делотворен во 96% од случаите, со многу малку несакани ефекти. Имено, само 20 од испитаниците забележале промени во расположението, зголемена сексуална желба, појава на акни и повремени болки во мускулите.

Дејството на хормоналната инјекција трае 8 недели по примањето. Но, без оглед на тоа колкава е нејзината ефикасност, мали се шансите дека ќе успее целосно да ја отфрли употребата на презервативите. Презервативите се многу делотворни не само поради контрацептивниот ефект, туку и поради добрата заштита од полово преносливи болести.

Што мислите вие за овој метод на контрацепција? Би се обиделе ли на овој начин да се заштитите од несакана бременост?

Реклама

Потсетете се и на останатите добро познати методи на контрацепција и заштита од несакана бременост.

Најново

Може ќе ве интересира