Пилатесот претставува начин на вежбање што им одговара на сите, од почетници до напредни спортисти. Покрај тоа, пилатес може да вежбаат луѓе со ограничена подвижност, бремени жени, па дури и постари лица.
Истражувањата покажаа дека овој вид вежбање ја подобрува флексибилноста, ги зајакнува мускулите на стомакот, грбот, колковите и глутеусот. Покрај тоа, овие вежби го штитат ‘рбетот и ги подобруваат циркулацијата, концентрацијата и фокусот. Исто така, овој вид фитнес го ублажува стресот затоа што ги релаксира и телото и умот.
Од сето тоа што е наведено погоре, јасно е зошто многу фитнес инструктори препорачуваат пилатес тренинзи, а во продолжение ќе погледнете неколку вежби што ќе ви ги намалат болките во грбот и напнатоста.
https://youtu.be/InbBUCU94yE
Погледнете ги и овие 4 вежби за горниот дел на грбот со кои ќе го подобрите држењето на телото.

