Ако постојано седите додека работите, тогаш многу добро знаете што значи болка во горниот дел на грбот, но и колку е важен грбот за држењето на телото. Обидете се да ги зајакнете мускулите на горниот дел од грбот со овие вежби за да имате правилно држење на телото, но и да спречите болка во долниот и во горниот дел на грбот.rn
Супермен
rnhttps://youtu.be/cc6UVRS7PW4
Оваа вежба е одлична за горниот дел од грбот, бидејќи помага да се загреете и да се подготвите за секаков вид кревање тежок товар. Вежбата Супермен ги активира сите внатрешни мускули на горниот дел од грбот и спречува повреди при изведување големи преоптоварувања.rn
Вежбајте со лента
rnhttps://youtu.be/MnDpmNYUjbc
Со помош на лентата ќе постигнете исправено држење на телото – на рамената, рацете, стомакот и грбот.rn
Кревање (Pull up)
rnhttps://youtu.be/aAggnpPyR6E
Оваа вежба бара силни раце и истовремено ќе ги зајакне рамената и ќе ви помогне да ги држите телото и грбот исправени.rn
Кревање тегови со една рака
rnhttps://youtu.be/ma__uqUlYmE
Бидејќи работите само со едната рака, и таа страна на грбот е активна. Задолжително држете го грбот исправен.
Погледнете ги овие ефективни вежби за долниот дел на стомакот.

