Секоја година технологијата сè повеќе се развива и доживува промени. Но, истото важи и за психолошките истражувања. Секоја година се прават сè повеќе истражувања кои носат важни заклучоци за подобрување на начинот на размислување, подобро извршување на обврските и подобра контрола над сопствената психа. Еве некои од нив кои донесоа највпечатливи и најважни заклучоци во 2012 година.
rn
Не се познавате себеси онолку колку што мислите
rnСите мислиме дека себеси се познаваме најдобро, но сè повеќе истражувања го докажуваат спротивното. Психологот Тимоти Вилсон, во својата книга „Непознати на самите себе“ (Strangers to ourselves), ја нагласува моќта на потсвеста. Тој вели дека многу од она што го правиме останува во потсвеста и затоа не можеме самите да го откриеме. Секако, со многу методи би можеле полесно да допреме до нашата потсвест, но многу информации како на пример, што чувствуваме, што мислиме или што сакаме, остануваат незабележани.rnrnТокму тоа е причината поради која некогаш не можеме да разбереме зошто работите тргнале погрешно. Мислиме дека сè сме направиле исправно, но сепак не сме го добиле посакуваниот резултат. Така, често се случува да обвиниме некого друг за нашите грешки. Тоа е бидејќи немаме целосна и точна претстава за сè она што ни се случува потсвесно. Некогаш други луѓе, како блиски пријатели или родители, многу подобро нè познаваат отколку што се знаеме самите себеси. Па затоа нареден пат, пред да претпоставите дека знаете сè за себе, запрете за минута и прашајте за совет некој ваш близок.rnrn
Имате проблем? Дистанцирајте се за момент
rnНовите истражувања ставаат акцент на феноменот дека би требало прво да се дистанцираме од проблемот, да размислуваме за нешто друго и повторно да се вратиме на првичниот проблем.
Со цел да се истражи што се случува во мозокот кога се соочуваме со проблем, во текот на истражувањето направени се три групи од испитаници. Испитаниците требало да одберат замислен автомобил, а изборот би требало да биде базиран на повеќе критериуми, желби и потреби. Оние од првата група морале да одберат веднаш, без многу размислување, и секако не поминале баш најдобро во изборот. На испитаниците од втората група им било дадено многу време за размислување со цел да се сконцентрираат единствено на поставената задача. Но и нивниот избор не бил добар. На оние од третата група исто така им била дадена задачата, но им била дадена и друга задача за да им го одвлече вниманието. Изненадувачки, нивната одлука била најдобра.rnrnШто всушност се случило со испитаниците од последната група? Втората задача што им била дадена, психички не ги оптоварила премногу и не барала многу ментална енергија, па им дозволувала потсвесно да работат на првиот проблем. Со други зборови, кога мозокот добива втора задача, потсвесно продолжува да размислува и за првата, но доволно за да не се преоптовари носејќи погрешни одлуки. Затоа најдобро е за момент да се дистанцираме од главниот проблем, да се фокусираме на нешто помалку важно за да ги ослободиме мислите. Најчесто премногу размислување за одредена работа е токму она поради кое носиме погрешни одлуки.rnrn
Покреативни сме кога размислуваме за нечија друга корист
rnКреативноста е она што го движи светот. Креативноста често подразбира гледање на работите од поинаква преспектива. Новите истражувања покажуваат дека сме покреативни кога треба да размислуваме за решавање на туѓи проблеми, отколку кога станува збор за нашите сопствени потреби.rnrnСо цел да се тестира вистинитоста на ова тврдење, на 137 студенти им било поставено следново прашање: „Затвореник пробувал да избега од висока зграда во која бил затворен. Јажето кое го нашол во неговата ќелија било долго половина од височината на која се наоѓал. Како би можел затвореникот безбедно да се спушти на земја?“rnrnНа половина од испитаниците им било речено да се замислат себеси во улога на затвореникот (нив ќе ги наречеме групата затвореници), а на другата половина им било речено да замислат дека некој друг е заробен во зградата. Во групата затвореници, загатката ја решиле 48%, додека во втората група, 66% биле способни да ја решат загатката, чиј одговор е дека го поделил јажето на половина по должина и ги поврзал двата краја. Истражувањето покажало дека сме покреативни и полесно изнаоѓаме решенија кога станува за некој друг, а не за нас самите.rnrn
Одморот е попродуктивен од прекумерната работа
rnИстражувањата покажале дека кратките дремки ја подобруваат продуктивноста на мозокот и редовните одмори од ментални активности ја поттикнуваат креативноста, а прескокнувањето на одморите и паузите може да води до стрес и заморување.
За да се донесе ваквиот заклучок, мозокот е спореден со другите мускули во телото. Исто како што на мускулите им е потребен одмор по физичката активност, така и на мозокот му е потребен одмор по психичка активност. Но, треба да се најде границата кога би требало да се одмориме од менталната активност, а кога да продолжиме.rnrnКако и да е, подолгата ментална активност некогаш резултира со поголема продуктивност бидејќи влегуваме во шема и немаме потреба од пауза. Паузата треба да се направи во оној момент кога се форсираме себеси и покрај тоа што чувствуваме замор. Едно истражување покажало дека спиењето после учење носи многу придобивки за помнењето. Така податоците примени во мозокот се разработуваат и складираат. Можеби во денешниот свет каде се верува дека преопторувањето со обврски и работењето повеќе часови секогаш резултира со успех, треба да се примени фактот дека на мозокот му се потребни паузи за неговата продуктивност да биде поголема.rnrn
За секоја активност постои најпогодно време
rnНовите истражувања покажуваат дека за сè постои најпогодно време, и секој човек треба да си направи распоред на извршување на активностите според најпогодното време за нивно извршување. Исполнувањето на задачите и обврските си има одреден ритам кој зависи од многу фактори, и истите треба да се распоредат во секојдневна, 24-часовна рутина. Игнорирањето на овој ритам може да предизвика многу психички заболувања.rnrnВо одредени делови од денот продуктивноста на мозокот е поголема, во други е помала. Можеби вашето најпогодно време за учење е наутро или навечер пред да си легнете. Само треба да го следите она што вашето тело ви го кажува. Забележете во кој период од денот вашиот труд резултира со најдобри резултати. Секако, зависи и од условите во кои работите и опкружувањето, но најмногу од организирањето на времето. Доколку го одберете погрешниот период, резултатот на вашата работа би можел да биде повеќе изгубено време и нерви, а помали резултати.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
