Овие 5 намирници не треба да се комбинираат со алкохол (а баш добро си одговараат!)

Сподели

Без разлика дали станува збор за излегување со пријателите или за семеен ручек, сите уживаме кога вкусната храна ќе ја залиеме со алкохол. Нема ништо лошо во тоа, освен кога се комбинираат намирници и алкохол кои можат да ни предизвикаат низа непријатности, од проблеми со варењето, до киселини и надуеност. Затоа, избегнувајте ги следните 5 комбинации храна и пијалаци со алкохол.rn

Реклама

1. Грицки

rnГрицките нè прават жедни и нè тераат да пиеме повеќе алкохол за да ја смириме нашата жед. Наместо тоа, пијте чаша вода помеѓу пијалаците за да не навалувате на солени чипсови, сирење или ореви.

rn

2. Леб

rnИ лебот и пивото содржат многу квасец и кога се комбинираат може да предизвикаат надуеност. Следниот пат кога ќе пиете пиво, наместо леб, јадете ореви, зеленчук или посно месо.

rn

3. Кафе и енергетски пијалаци

rnПијалаците што содржат кофеин ни даваат погрешно чувство дека сме трезни – и кога не сме! Дури има и студии кои покажале дека луѓето кои мешаат кафе со алкохол донесуваат лоши одлуки – оние за кои подоцна жалат.

rn

4. Диетални пијалаци

rnПостојат истражувања кои покажале дека побрзо ќе се опиете, ако пиете диетални сокови. Тоа е така бидејќи шеќерот што се наоѓа во обичните сокови ја забавува апсорпцијата на алкохолот во крвта.

rn

5. Цитрусни овошја и сокови

rnДоколку не сакате проблеми со желудникот, не комбинирајте ги цитрусните сокови со алкохолни пијалаци. Исто така, избегнувајте да ставате парчиња лимон или портокал во вашиот алкохолен пијалак.

Прочитајте ги и овие правила за комбинирање храна и алкохол.rn

Автор: Ана Ќурчиевска

Популарно

Може ќе ве интересира