КАФЕ ПАУЗА

Правила за комбинирање храна и алкохол

Правила за комбинирање храна и алкохол

Оброкот не е целосен без пијалак. Ако сакате вашиот ручек да го заокружите со добро избрана чаша алкохол, следете ги овие неколку правила со цел да постигнете комбинација со која ќе го унапредите неговиот вкус и целосно ќе уживате во гурманското искуство.rnrnПравила за комбинирање храна и алкохолrn

Сметајте го пијалакот како дел од оброкот

rnДоколку комбинирањето на алкохолните пијалаци како пиво или вино со храната ви стане честа практика, тогаш сигурно повеќе ќе уживате во вкусовите. Прво изберете што ќе јадете, а потоа врз основа на тоа одлучете се и за пијалак.rn

Третирајте го виното како да е сос

rnИзборот на вино кое одговара на храната што ја јадете бара одредено знаење кое на крајот одлично се исплати. Кога добрите познавачи бираат вино, тие размислуваат за тоа како неговиот вкус одговара со оној на храната. Исто како што внимавате на вкусовите на зачините кога правите сос, така треба да внимавате и на вкусот на виното. Добро познатото правило дека рибата се комбинира со бело вино, а месото со црвено вино, може да ви помогне да ја најдете совршената комбинација, но и не мора.rnrnПравила за комбинирање храна и алкохолrnrnВо основа, неготвените или малку готвените јадења, како на пример некоја салата или варена риба, добро одат со суво бело вино, но можете да се обидете и со розе, ако вам така ви се допаѓа. Ако се решите печеното месо да го консумирате со вино, црвеното би било најсоодветниот избор. Единствено кога станува збор за слатки јадења не мора да се грижите за ништо. Добро е само да знаете дека благото му го изострува вкусот на виното, а тоа пак го прави десертот поблаг.rnrnИсто така, кога ќе избирате комбинација на храна и вино, размислувајте за тоа кое овошје би одговарало на вашиот оброк. Во процесот на производство и созревање на вината им се додаваат некои овошја чии црти подоцна се чувствуваат во вкусот.rnrnПравила за комбинирање храна и алкохолrn

Пивото нека биде основа на оброкот

rnПивото може да додаде раскош на храната. Тоа има неверојатна способност да го зголеми уживањето во неа ако го комбинирате со храна која има контрастен вкус. На пример, ако на месото сте му додале зачини, обидете се да го ублажите вкусот со некое светло, не многу јако пиво. Наспроти тоа, лесните јадења подобро одат со темно пиво. Ако пак не сакате вака да давате поинаков вкус на оброкот, тогаш можете зачинетите јадења да ги комбинирате со темни пива, а полесните со посветли, со што нема да го загубат вкусот.rnrnПравила за комбинирање храна и алкохолrn

Десертот зачинете го со жесток пијалак

rnСекој жесток пијалак оди одлично со десерти. Многу од нив, како на пример румот и брендито, се дел од многу слатки рецепти. Покрај тоа, можете да експериментирате и со други оброци. Ако ги прашате Русите како се комбинираат вотката и храната, тие ќе ви речат дека вотката оди со каков било оброк. Сепак, најмногу уживаат да ја консумираат со чадена риба, краставички, јадења со компири и морска храна. Ако пак со ручекот сакате да се напиете виски, ќе треба претходно да си приготвите оброк со месо, а потоа да продолжите и со десертот.rnrnПравила за комбинирање храна и алкохолrn

Сепак не постојат универзални правила

rnИако претходните правила можат да ви помогнат во подобрување на вкусот на вашите оброци, сепак она за кое најмногу треба да се грижите е тоа дали вам ви се допаѓа одредена комбинација. Месото печено на скара и пивото се класична комбинација, но секое месо нема да ви се допаѓа со секакво пиво. Експериментирајте често и ќе го пронајдете вашиот омилен пар храна и пијалак, без разлика дали се сложува со овие правила или не.