Ако некогаш медитацијата била форма на духовно изразување денес сè повеќе зема замав во науката со многу научни докази кои тврдат дека медитацијата е корисна. Бенефициите од медитацијата се безбројни, од борба со депресијата или анксиозноста до борба против стареењето, инфекциите и осаменоста.rnrnСепак, многумина никогаш не би успеале да медитираат и да го достигнат тоа чувство на потполна смиреност од проста причина што не може да седат мирно 20 минути. Ова се однесува на воркохолиците, луѓето кои често практикуваат мултитаскинг, оние кои се навикнати на брз начин на живот. Еве како оние кои не можат да медитираат можат да ги почувствуваат бенефициите од медитирањето.rnrn
rn
1. Слушајте музика
rnКога последен пат слушавте музика? Не станува збор за слушање музика во кафуле или на радио додека возите. Прашањето е кога последен пат навистина слушавте музика? Кога последен пат се внесовте во музиката, во ритамот, во текстот. Кога последен пат целосно бевте понесени од она што го слушавте, ги затворивте очите и ја искусивте музиката? Не можете да се сетите, нели?rnrnМедитацијата ве „вади“ од сегашниот миг, грижите и преокупираноста и ве тера да обрнете внимание на сетилата. Истото може да го постигнете со музиката. Само затворете ги очите, ставете ги слушалките на уво и дозволете да ве понесе.rnrn
rn
2. Играјте како никој да не ве гледа
rnУште од памтивек племињата го употребувале танцувањето со различни цели, да стапат во контакт со боговите, да го избркаат злото, да го повикаат дождот и сл. Танцот е волшебен лек на душата, само што за жал, неретко сме премногу преокупирани со тоа кој нè гледа и како изгледаме од страна наместо едноставно да танцуваме.rnrnСтанете едно со музиката. Танцувајте смело и слободно како никој да не ве гледа, или уште подобро правете го тоа кога никој не ве гледа. Целосно ослободете се и препуштете им се на движењата. Ослободете се од целата негативна енергија и владејте со просторот и времето. Заборавете на вашиот имиџ, на тоа што сте и како би требало да се однесувате. Немате никаква титула, никаква забрана ниту пак ограничување. Затоа играјте слободно.rn
3. Цртајте
rnЗастанете и погледнете низ прозорецот. Што гледате? Почнете да го цртате она што го гледате на лист хартија. Дури и ако мислите дека не цртате добро, земете молив и почнете да цртате, да илустрирате, да забележувате. Цртањето ве тера да се концентрирате на она што го гледате и вистински да го видите. Да се сконцентрирате на боите, нијансите, сончевата светлина, сенките и формите. Не грижете се за квалитетот на цртежот, не мора никому да му го покажете.rn
4. Вежбајте јога
rnНе само што е одлична за флексибилност и сила, јогата е во најблиска врска со медитацијата. Со помош на потезите и правилните вдишувања и издишувања ќе дојдете во допир со самите себе, наоѓајќи совршен баланс и смиреност. Почнете со јога инструкции кои се лесно достапни на интернет или пак запишете се на часови по јога.rnrn
rn
5. Јадете правилно
rnНаместо да ѝ се посветиме на храната, во овој брз свет ние само гледаме да се нахраниме, да ја заситиме нашата потреба за храна и да го победиме гладот. Наместо тоа забораваме да уживаме во храната, во вкусовите, во сочноста или текстурата. Нареден пат кога ќе го јадете вашиот оброк не брзајте, џвакајте долго, уживајте, покажете благодарност за храната, не преоптоварувајте се со обврските што ви следат. Седнете и посветете ѝ внимание на храната.rn
6. Извршувајте ги домашните обврски
rnВсушност речиси сè може да ја има улогата на медитација доколку решите да го ослободите умот и да се посветите на вашите сетила. Телевизијата и видеоигрите, на пример, никогаш не би можеле да бидат во улога на медитација бидејќи не ви го ослободуваат мозокот ниту пак ве стимулираат на слобода и одделување од овој презаситен свет.rnrnРелаксирајте се со извршување на домашните обврски, колку и да ви звучи иронично. Пробајте да се посветите само на една работа во моментот. Ако миете садови тогаш мијте садови, ако бришете прозорци тогаш правете го тоа. Фокусирајте се на вашата задача и ослободете го мозокот од товарот предизвикан од она што било или она што допрва доаѓа.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.