Анксиозноста со нејзините разни форми е најчестото ментално нарушување. Но анксиозноста има различно влијание кај секого. Некои од нив се дури и високо функционални. Иако овој термин се однесува на луѓе со анксиозност кои сепак можат да функционираат нормално, професионалците сакаат да разјаснат дека секој вид анксиозност предизвикува штета, без разлика дали забележувате или не.rnrn
rnrnАко мислите дека имате високо функционална анксиозност, важно е да обрнете внимание на овие навики со цел да направите разлика помеѓу обичниот стрес и клиничката анксиозност и да дознаете дали ви е потребна професионална помош.rnrnДоколку не ја сфатите сериозно, анксиозноста не само што може да ви ја уништи кариерата, туку и вашиот личен живот и врските со саканите. Ако забележите некоја од овие навики, можеби страдате од високо функционална депресија.rn
1. Барате контрола
rnОвој знак е чест бидејќи кога чувствувате дека некој дел од животот ви е надвор од контрола, барате што друго да контролирате. Анксиозноста прави да се чувствувате вака постојано или секој пат кога е „активирана“.rnrnОние со високо функционална анксиозност може дополнително да ја засилат анксиозноста со постојаниот и долг распоред на работа и постојаното барање на нешто повеќе. Можеби пак користите и одредена активност за да почувствувате контрола без разлика дали е во исхраната, вежбањето, професијата или семејниот живот.rn
2. Никогаш не застанувате да се опуштите
rnЛуѓето со високо функционална анксиозност не можат да се натераат да престанат. Никогаш не си дозволуваат да се релаксираат и често работат со последните сили. Ова е навистина нездрава навика. Понекогаш можеби ќе успеат да забават, но често ќе најдат нешто друго што ќе им го одвлече вниманието како социјален настан, телевизија или игри.rn
3. Посветувате многу внимание на детали
rnАнксиозноста може да се манифестира на разни начини. Еден од нив, кој е поврзан со желбата за контрола, е опседнатоста со детали. Ова е всушност желба за совршеност во секоја област. И кога не можете да ја постигнете таа совршеност ќе станете фрустрирани, поанксиозни и поопсесивни.rn
4. Имате несоница
rnАко постојано имате проблеми со спиењето, можеби се справувате со високо функционална анксиозност без да знаете.rnrnПостојат неколку можни причини за вашата несоница, па важно е да ги идентификувате другите знаци од листава во комбинација со неа. Ако проблемите со спиење се резултат од некакви грижи, тоа е чест симптом кај луѓето со клиничка анксиозност.rnrnБез разлика кои симптоми ќе ги препознаете, ако сметате дека имате анксиозност важно е да се консултирате со професионалец. Ако се убедувате дека сте во ред и продолжувате напред без да преземете ништо, анксиозноста само ќе се влоши и ќе предизвика болка и на вас и на вашите сакани.rnrnДознајте и која е разликата помеѓу анксиозноста и паничен напад.
