КАФЕ ПАУЗА

Што ќе се случи ако целосно се откажете од алкохолот?

Повеќе од 30% од луѓето имаат некаков проблем со алкохолот, па затоа и често се поставува прашањето што ќе се случи кога ќе престанете да пиете. Според изјавите на бивши алкохоличари, животот навистина се променува, и тоа на најчудните можни начини.rnrn22-raboti-koi-kje-se-sluchat-koga-kje-se-otkazhete-od-alkoholot-kafepauza.mkrn

1. Луѓето ќе ви велат дека сте различна личност

rnИ тоа ќе ви го велат со добра причина, бидејќи навистина ќе се промените. Тоа ќе го сфатите дури после неколку „трезни“ излегувања, и сигурно ќе се чувствувате одлично.rn

2. Ќе ги изгубите пријателите

rnНа почетокот можеби ќе ви биде криво. Но болната вистина е дека речиси сите тие луѓе баш и не се грижеле за вас. Тие биле во вашиот живот само за забавите и пиењето.rn

3. Пијачките ќе ве полудуваат

rnОткако ќе поминете неколку години во забави, откако ќе се откажете од пиењето ќе сфатите дека всушност не сакате да бидете опкружени со алкохол.rn

4. Ќе ви биде здодевно

rnНа почетокот нема да знаете што да правите со слободното време. Но, со текот на времето ќе наоѓате работи и хобија кои ве интересираат и здодевноста ќе исчезне.rn

5. Алкохолот е насекаде

rnКога пиете, очекувате секаде да има алкохол и неретко не ви стигнувал. Кога ќе престанете да пиете, ќе ви биде чудно тоа што алкохолот е присутен каде и да отидете и најинтересно од сè е што ќе ви делува како да доаѓа од бескраен извор.rn

6. Ако сте жена, луѓето ќе мислат дека сте бремени

rnАко наеднаш престанете со пиење, очекувајте вакви прашања, бидејќи многу луѓе ќе мислат дека сте се откажале од пиењето поради бременоста.rn

7. Ќе заштедите пари

rnСигурно знаете дека секојдневното пиење е скапа забава. Кога ќе престанете ќе заштедите многу пари.rn

8. Ќе ослабете

rnМногу брзо ќе симнете неколку килограми.rn

9. Ќе имате повеќе време

rnКога редовно пиете, сигурно речиси и да немате време за да ги завршите обврските. Кога ќе се откажете од алкохолот ќе имате дури и вишок слободно време.rn

10. Ќе сфатите дека може да се забавувате и без алкохол

rnСигурно сте мислеле дека ако не пиете нема да си поминете убаво. Штом ќе го оставите алкохолот, ќе сфатите дека ова не е точно.rn

11. Нема да ви биде жал

rnСигурно ви е познато чувството на вина после ноќта помината во пиење. Ова чувство ќе исчезне од вашиот живот и ќе ја паметите секоја вечер кога сте биле излезени.rn

12. Некои луѓе нема да ве сфатат

rnЌе почнете да ги одбивате собирањата кои вклучуваат алкохол, а многу луѓе нема да можат да ве разберат.rn

13. Баровите се грозни

rnЦигари, алкохол, пијани луѓе… веќе не е толку забавно.rn

14. Ќе сфатите дека сте пиеле од навика и од здодевност

rnНајчесто причината за пиењето е здодевноста, а потоа и навиката. Сега пиењето можете да го замените со некоја поздрава навика.rn

15. Повеќе ќе ги цените луѓето што не пијат

rnКога сте пиеле, не сте ги разбирале луѓето што не сакаат алкохол. Можеби дури и сте ги презирале. Сега ќе почнете да ги разбирате подобро.rn

16. Нема да бидете толку храбри

rnСите знаеме дека по неколку пијачки стануваме непобедливи. Кога ќе бидете трезни подобро ќе размислувате за ризичните подвизи. На некој начин, ова е подобро.rn

17. Помалку ќе се извинувате

rnБез караници, нема потреба од извинувања. Без разлика кои сте, факт е дека луѓето стануваат глупави кога се пијани, а во овој случај насилството е речиси неизбежно.rn

18. Нема да ви бидат интересни пијаните разговори

rnАлкохолот на прв поглед предизвикува многу интересни разговори. Сега ќе почнете да сфаќате дека тие разговори баш и немаат некоја смисла и ќе ви бидат здодевни.rn

19. Ќе бидете свесни за себе

rnЌе бидете посвесни, посмирени и подобро ќе се разбирате без алкохол.rn

20. Ќе ви се подобри меморијата

rnПовеќе ќе нема ноќи кога не паметите што се случило. Помалку ќе заборавате, а тоа е добро.rn

21. Нема да се чувствувате лошо

rnНаместо секој ден да ве болат главата и стомакот, ќе се чувствувате многу поздраво.rn

22. Ќе имате нормален распоред за спиење

rnАлкохолот ве тера да заспиете подоцна, или премногу рано. Нема средина. Кога ќе престанете да пиете вашето спиење ќе се врати во нормала.rnrnПогледнете ги и последиците од само една ноќ претерано пиење.