Ако некогаш сте се нашле во просторија со растенија, сигурно сте забележале колку е чист и свеж воздухот. Некои растенија имаат моќ да ги отстранат сите вируси и бактерии што се наоѓаат во просторијата.rnrn
rnrnТие се пожелни во просториите во кои живеете, особено во овој период. Некои видови имаат можност да го прочистат воздухот, но приказната не завршува тука, бидејќи нивниот ефект може да биде многу поконкретен – куќните растенија можат да ве заштитат од вируси, што е исто така, корисна информација.rnrnТајната лежи во зголемената влажност на воздухот, за која придонесуваат овие растенија, што всушност ги уништува вирусите и бактериите со кои тие се опкружени. Нивното присуство го прави просторот за живеење поздрав, а вашиот имунитет посилен.rnrnИстражувањата покажаа дека кога влажноста на воздухот надминува 40%, тоа може значително да ја намали инфекцијата. Покрај тоа што имаат улога за одржување на здравјето тие се и естетски убави, така што ќе го збогатат секој простор каде и да ги ставите.rnrnЕве за кои 3 видови растенија се работи:rn
1. Потос
rn
rnrnПотосот е познат по тоа што е исклучителен прочистувач на воздухот, затоа што го уништува чадот од тутун, ги апсорбира испарувањата, штетните материи и најдобро е да го чувате во кујната или дневната соба.rn
2. Филадендрон
rn
rnrnФиладендронот е особено популарен кога станува збор за собните растенија, а исто така е одличен и за одржување на влажноста на воздухот, па затоа треба да го имате во вашата колекција.rn
3. Монстер
rn
rnrnМонстер е популарно собно растение, кое е многу лесно за одржување. Најдобро е да го чувате во сенка односно на места кои не се директно изложени на сонце и тоа во просторијата каде престојувате најмногу. Неговата моќ за отстранување вируси е многу голема.rnrnМожеби сакате да ги дознаете и триковите со кои вашите растенија ќе добиваат точно онолку вода колку што им е потребно.