Можеби вечерва се предозиравте од чоколади и вафли, па не се чувствувавте добро утрово. Се чувствувате како да имате мамурлак и навистина го имате, но поради премногу шеќер!rnrn
rnrnЗнаеме дека мамурлаците се последица од консумирање премногу алкохол, но и слатките работи може да предизвикаат слично чувство!rnrnЗначи, не станува збор за мамурлак во буквална смисла, но доколку јадете премногу слатки, можеби ќе добиете некои симптоми на мамурлак: нервоза, главоболка и вртоглавица.rnrnСпоред нутриционистот Ким Ларсон мамурлакот предизвикан од шеќер навистина постои, во смисла дека може да се почувствувате лошо кога внесувате премногу шеќер.rnrnНа почетокот, преработениот шеќер го зголемува нивото на ендорфин во организмот и прави да се чувствуваме добро. Но, потоа настанува ненадеен пад на шеќерот во крвта, што прави да се чувствуваме уморно, нервозно и иритирано.rnrnЈадењето бонбони само повремено не е толку страшно, но ако консумирате многу шеќер премногу често, тоа може да има долгорочни здравствени ефекти, па дури може да доведе и до промени во мозокот.rn
Навика која брзо станува зависност
rn
rnrnАко често консумирате многу шеќер, постои ризик тоа да ви стане навика, а д-р Лора Шмит од универзитет во Сан Франциско вели дека навиката всушност станува зависност.rnrnИако овие истражувачки досега не спровеле одредено истражување за ваквиот тип мамурлаци, тие имаат доста добри докази за поврзаноста меѓу неверојатната желба за благо и последиците од неговата консумација. Велат дека во одреден временски период, може да го промените составот на „центарот за наградување“ на мозокот. А тоа е нешто за што треба да се размисли, вели д-р Шмит.rnrnШеќерот го зголемува нивото на домапин, во делот на мозокот кој е поврзан со чувството на задоволство. Ако инјектираме допамин „однадвор“ во телото преку внесување слатки, со текот на времето мозокот почнува да „сфаќа“ дека не мора да произведува толку допамин.rnrnЗатоа, веднаш штом „надворешниот допамин“ или слатките нешта ќе се намалат или елиминираат, доаѓа таа нескротлива желба за благо.rnrnНајдобар начин да ги избегнете овие негативни последици од внесувањето на шеќер е да ја ограничите консумацијата на храна и пијалаци што го содржат.rnrnСпоред овие истражувачки нема потреба од внесување шеќер во организмот на дневно ниво.rnrnМожеби сакате да го прочитате и овој нов доказ: Кафето го штити мозокот.