КАФЕ ПАУЗА

Ова ќе бидат најбараните работни позиции во 2020 година

Ова ќе бидат најбараните работи во 2020

Written by

in

,

Загрижени сте за сигурноста на вашата работа? Можеби треба да размислите за промена на професијата. Како што знаеме, светот станува исполнет со технологија, и поради тоа сите работни позиции имаат технолошки елемент. Не сите бараат да знаете програмски јазици, но сепак треба да имате мало предзнаење.rnrnОва ќе бидат најбараните работи во 2020rn

1. „Блокчејн“ програмер

rnСе смета дека ова ќе биде најбараната позиција во 2020. Тоа е така бидејќи инфраструктурата со крипто-валутите е во развој.rn

2. Физиотерапевт

rnПотребата за физиотерапевти се зголеми оваа година и трендот ќе продолжи и во 2020.rn

3. Дигитален и видео маркетер

rnПотребата за овие позиции е висока во маркетинг индустријата и ќе стане уште поголема бидејќи видеото станува сѐ повеќе популарно. Видеото се користи за зголемување на онлајн корисниците на начин во кој содржината не може да биде пренесена сама од себе.rn

4. Управувач со дронови

rnОва е сосема нова област и се смета дека ќе биде доста успешна. Компаниите бараат квалификувани матуранти и средношколци да управуваат со дронови бидејќи потребата од дроновите се зголемила во последниве години.rn

5. Проект менаџер за Интернет безбедност

rnСе смета дека ќе има нови 3,5 милиони работни позиции во оваа област. Проект менаџерите за безбедност кои имаат малку искуство може да заработуваат дури и 66 илјади долари годишно како почетна плата.rn

6. Техничари за безбедност, пожар и услуги

rnОваа работна позиција вклучува инсталација на сигурносни системи, аларми против кражби, аларми против пожар итн.rn

7. Финансиски технолози

rnФинансискиот сектор постојано се развива и се очекува да се зголеми за 11% до 2026. Според фирмата „Арора“, овој пораст ќе биде фокусиран на технолошката страна на финансискиот дел од бизнисот.rn

8. Адвокати и правници

rnСе смета дека адвокатите и правните лица кои имаат искуство од барем три години ќе бидат многу барани следната година. Овие позиции ќе бидат барани од страна на правните фирми и корпорациите.rn

9. Домашни негуватели

rnСпоред статистиките, голем број од луѓето кои се над 65-тата година имаат потреба од домашна нега до крај на нивниот живот. Работната позиција како домашен негувател е многу поценета отколку работењето во старечки дом.rn

10. Менаџер за социјални мрежи и маркетинг

rnМаркетинг автоматизација, зголемување на маркетингот и водењето социјални мрежи се само некои од работите кои не ни постоеја пред пет години. А сега, тие се во прв план при развивањето на бизнис!rn

11. Програмер, компјутерски инженер, истражувач на податоци и аналитичар

rnВеќе нема потреба да работите во фирма за технологија за да мора да ги работите овие позиции. Овие позиции се присутни во речиси секоја поголема фирма.rnrnЗа многу од овие работни позиции е доволен само компјутер, па дознајте зошто истражувачите се сложни дека луѓето кои работат од дома се посреќни!