За многу работни позиции денес потребен е само компјутер поврзан на Интернет. А, тоа ги поедноставува работните обврски за многумина. Според ново истражување, оние луѓе кои може да работат од каде било се и посреќни.rnrn
rnrnКомпанијата „Аул лабс“ спровела анкета врз 1.202 Американци на возраст од 22 до 65 години кои работат со полно работно време. 62% од испитаниците имале опција за работа од дома и ја практикувале, додека 38% работеле во канцеларија во текот на целото работно време.rnrnПодатоците од истражувањето покажуваат дека работењето од дома ги прави луѓето посреќни. 71% од испитаниците кои работеле од дома изјавиле дека нивната работа ги прави среќни. Од друга страна, само 55% од оние кои работеле во канцеларија го кажале истото.rnrnИстото истражување вели и дека луѓето кои работат од дома заработуваат повеќе и тие почесто остануваат да работат во иста компанија барем пет години.rnrnБез разлика дали работите од дома или во канцеларија, прочитајте дали слушањето музика на работа навистина ве прави попродуктивни.
Луѓето кои работат од дома се посреќни!
