КАФЕ ПАУЗА

50 слатки начини да кажете „те сакам“ без зборови

Автор: Софија СионоваrnrnБарате слатки начини да кажете „те сакам“ без притоа да користите зборови или пак некој вообичаен романтичен гест за партнерот? Ако одговорот е „да“ тогаш еве листа на 50 слатки начини како да изразите љубов.rn

1. Залепете самолепливо ливче на шофершајбната

rnДодека партнерот се тушира, исечете срцевидно ливче и на него напишете „те сакам“ со смајли и закачете го на шофершајбната од колата. Ова е одличен начин за започнување на денот.rnrn1-50-slatki-nachini-da-kazhete-te-sakam-bez-zborovi-kafepauza.mkrn

2. Спакувајте му/ѝ ручек

rnНавистина е скапо секој ден да излегувате од работа за да ручате со партнерот. Наместо да плаќате екстремно за скап и нездрав оброк, направете домашна храна приготвена со многу љубов.rn

3. Оставете бакнеж на огледалото

rnСтавете малку црвен кармин на усните и бакнете го огледалото. Исто така, можете да напишете и „те сакам“. Дефинитивно ќе предизвикате насмевка на лицето на партнерот. Мажите можат да го прескокнат овој предлог. :)rn

4. Однесете му/ѝ цвет

rnЗа женскиот пол е доволно познато дека сака букети. Можеби делува необично, но и мажите сакаат цвеќиња. Оставете му црвена роза на масата.rn

5. Исчистете ја колата

rnЖените навистина немаат време за да ја измијат колата. Мажите знаат да бидат прилично растурени. Затоа почестете го/ја со изненадување – миење на колата, па и нешто плус…rn

6. Направете го омиленото јадење

rnВелат дека најлесен пат до срцето е преку стомакот. Затоа кажете „те сакам“ така што ќе го приготвите неговото/нејзиното омиленото јадење. Ако не ве бива за готвење, тогаш порачајте нешто од неговиот/нејзиниот омилен ресторан.rn

7. Појавете се голи

rnУште еден начин за искажување љубов е да го/ја чекате гол/а или во слатка долна облека кога ќе дојде дома од работа. Сепак, претходно осигурете се дека нема да донесе гости.rn

8. Флертувајте во јавност

rnОдличен начин за кажување „те сакам“ е и флертувањето во јавност. Секој сака малку внимание, а уште кога може да се пофали со тоа, тогаш уште подобро.rn

9. Величајте го/ја малку

rnНахранете му/ѝ го егото. Нема човек што не го сака тоа.rn

10. Напишете поезија

rnАко сте од покреативните луѓе тогаш напишете му/ѝ поезија. А веќе ако не сте креативни, побарајте малку хаику за слатко „те сакам“.rnrn5-Kako-da-kazete-te-sakam-bez-zborovi.kafepauza.mkrn

11. Пишувајте му/ѝ слатки пораки во текот на денот

rnЗаљубените секогаш сакаат да знаат дека постои некој кој се грижи за нив. Испратете една СМС порака во денот за да покажете дека ви значи.rn

12. Оставете картичка на перницата

rnОставете едноставна картичка (купечка или рачно направена) на креветот откако ќе го наместите.rnrn3-50-slatki-nachini-da-kazhete-te-sakam-bez-zborovi-kafepauza.mkrn

13. Купете му/ѝ кадифена играчка

rnАко има омилена играчка, купете му/ѝ мала кадифена играчка за да го потсетува на вас.rn

14. Оставете мала белешка во чантата за на работа

rnМалото ливче со „те сакам“ пикнато во нотесот знае да направи чуда во текот на работниот ден.rn

15. Напишете на тротоар

rnАко сте похрабри, земете креда и напишете „те сакам“ на тротоарот за сите да можат да видат колку го/ја сакате.rn

16. Направете колачиња

rnПосладок начин за искажување љубов од овој? Не постои. Уште ако се во форма на срце…rnrn1.2-Kako-da-kazete-te-sakam-bez-zborovi.kafepauza.mkrn

17. Балон во форма на срце

rnЕдноставно преслатко!rn

18. Наполнете тегла со белешки

rnПикнете повеќе мали белешки во кои кажувате зошто го сакате партнерот и оставете го да одбира по една секој ден.rn

19. Оригами

rnАко сте вешти, направете животинче од оригами и оставете го на видливо место.rnrn2-Kako-da-kazete-te-sakam-bez-zborovi-kafepauza.mkrn

20. Мала книга со поезија

rnКупете мала книга со поезија и напишете љубовно писмо на внатрешната страна од кориците.rn

21. Ставете ваша слика во чантата за на работа

rnНе само што ќе му/ѝ го олесните напорниот ден на работното место, туку и ќе го/ја потсетите дека нешто убаво го/ја чека дома.rn

22. Пуштете му/ѝ секси слика

rnВо текот на неделата пуштете му/ѝ слика на која изгледате секси. Ќе биде прекрасно изненадување.rn

23. Однесете го/ја на пикник

rnОва е одлична идеја ако не излегувате доволно.rn

24. Оставете му/ѝ говорна порака

rnСледниот пат кога ќе го/ја побарате, а неговиот/нејзиниот телефон ќе биде исклучен, наместо веднаш да исклучите, кажете само „те сакам“.rn

25. Поделете сладолед

rnКупете банана сплит и поделете го. Сигурно и нешто друго ќе ви текне…rn

26. Подгответе домашно кино

rnПодгответе пуканки и романтичен филм, ваквото релаксирање ќе биде добредојдено.rn

27. Масажа

rnПосле долгиот работен ден ништо не е подобро од масажа.rnrn2.2-Kako-da-kazete-te-sakam-bez-zborovi-kafepauza.mkrn

28. Наполнете тегла со омилените бонбони

rnВашата тегла со омилените бонбони ќе изгледа одлично на неговото/нејзиното работното биро.rn

29. Напишете „те сакам“ на друг јазик

rnОставете ливче со „те сакам“ напишано на кој било друг јазик и оставете го партнерот да открие што значи.rn

30. Направете микс цеде

rnПотсетете се на старите добри времиња кога правевте касети и направете компилација од романтични песни. Со ова ќе покажете дека сте одвоиле време и труд за да направите нешто посебно.rn

31. Појадок во кревет

rnНе можете да утнете со ова.rnrn6-50-slatki-nachini-da-kazhete-te-sakam-bez-zborovi-kafepauza.mkrn

32. Предизвикајте го/ја во омилената игра

rnБез разлика дали се работи за шах, „Не лути се човече“ или „Dota“, пројавете интерес во неговите/нејзините омилените активности.rn

33. Масирајте му/ѝ ги нозете

rnПотценет, но сепак добар начин за искажување љубов.rn

34. Заврзете му/ѝ ги очите и пишувајте му/ѝ зборови по грбот

rnСлатка игра која многу брзо преминува во нешто друго.rn

35. Поставете видео на неговиот/нејзиниот Фејсбук профил

rnНаправете му/ѝ го денот посебен со мала приватна шега од вашата омилена серија.rn

36. Запаметете нешто што сакал/а порано и потоа направете го тоа за него/неа

rnПа нели минатата недела ви спомна дека одамна не јадел/а крофни. Изненадете го/ја.rn

37. Однесете му/ѝ кафе

rnКафе во кревет, на работа, каде било… кафе = љубов.rn

38. Однесете му/ѝ ручек

rnНемате време сами да го направите? Доставете му/ѝ пица.rn

39. Излезете заедно да возите ролери или велосипед

rnЗаедничките спортски активности може да бидат многу забавни и да зближуваат.rnrnPaar mit Inline-Skatern auf Strassern

40. Фатете го/ја за рака

rnКаде и да одите, фатете го/ја за рака. Тоа покажува дека не се срамите од нив.rn

41. Направете мало пакетче

rnСетете се на сите омилени продукти, добро свиткајте ги и подарете му ги на партнерот. Покажете  ја љубовта која ја заслужува.rn

42. Направете торта со омилениот лик од омилената ТВ серија

rnГолем обожавател на „Игра на тронови“? Декорирајте ја тортата со омилениот лик.rn

43. Пешачете заедно

rnРомантично и слатко.rn

44. Дајте му/ѝ лижавче со ваша обвивка

rnИспишете цел лист со „те сакам“ и завиткајте го околу лижавчето. Притоа не ја тргајте оригиналната обвивка.rn

45. Нацртајте срце во снегот или песокот

rnЗимата е ладен период, стоплете го нејзиното/неговото срце така што ќе нацртате срце во снегот. Летната алтернатива е во песокот на плажите.rnrn8-50-slatki-nachini-da-kazhete-te-sakam-bez-zborovi-kafepauza.mkrn

46. Искажете ги своите чувства преку храна во форма на зборови

rnПробајте да напишете „те сакам“ со помош на појадокот. Не постои поубав начин за започнување на денот.rn

47. Посветете му/ѝ песна на радио

rnСтара и скоро заборавена традиција која ја покажува љубовта која ја чувствувате.rn

48. Читајте му/ѝ во кревет

rnТој/таа, вие и убава книга гушнати во постелата.rn

49. Напишете му/ѝ писмо со краснопис

rnНаместо да напишете обично писмо, користете краснопис. Изгледа навистина убаво и е пресладок начин да покажете дека се трудите.rn

50. Сликајте ја долната облека

rnСладок и ризичен начин да покажете дека сте заљубени е да испратите слика од вашата долна облека со кратка порака: „Погоди кој не носи долна облека?“rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.