Понекогаш некои пријателства не вредат за целиот труд што го вложувате. Па, како да знаете за што станува збор?rnrn
rnrnКога ќе почувствувате дека е време да направите поголема промена во животот, најпрво треба да се запрашате дали кој било ги поддржува вашите цели и дали има некој кој не ве поддржува.rnrnКога сакате да постигнете нешто, без разлика дали тоа е губење вишок килограми, започнување нова кариера или проширување на вашиот бизнис, потребно е да имате поддршка. Во овие ситуации не ви требаат негативните пријатели. Важно е да ги препознаете луѓето кои се добри за вас.rnrnОва се луѓето кои ве ценат и кои сакаат да успеете. Но постојат и луѓе кои секогаш наоѓаат нешто што не им одговара. Постојано се жалат за работата, пријателите, семејството, политичарите и што уште не. Не е лесно да ги препознаете бидејќи сте поминале многу време со нив. Ако сакате да сфатите кои се оние што ве поддржуваат, а кои оние што ве кочат, потребно е да си поставите неколку прашања.rn
- rn 011
- Дали таа личност е негативна и несреќна поради својата кариера, семејство или партнер?
- Се чувствувате ли исцрпено откако ќе поминете време со таа личност?
- Дали оваа личност е премногу сериозна?
- Дали има многу кризи и драми во животот на оваа личност?
- Дали оваа личност глуми жртва во секоја ситуација?
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnАко одговоривте потврдно на поголемиот дел од прашањата, најверојатно станува збор за пријател кој нема да ве поддржува. Најдоброто што можете да го направите е да се држите на растојание од оваа личност. Понекогаш потребно е на прво место да се ставите себеси и вашите потреби. Бидете горди на вашите цели и зборувајте за нив без страв. Дружете се со истомисленици, со позитивни луѓе кои ги делат вашите цели и интереси. Тие ќе ви помогнат да продолжите понатаму.rnrnПогледнете и кои знаци покажуваат дека пријателите ви љубоморат?
