Сите ние минуваме низ многу нешта во текот на нашиот живот. Дознаваме многу за светот околу нас и учиме како ние самите реагираме во дадени. Токму овие лекции се тие што не дефинираат како личности. Една девојка, по својата бурна 22-ра година, решила да напише писмо до својата идна ќерка со цел да ѝ помогне полесно да се справува со „неуспехот“ во љубовта. Но, сите можат да го прочитаат и да извлечат по некоја поука од него…rnrn
rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnДо мојата (идна) ќерка,rnrnНа работ од 22-тата година, во која имав еден вид врски со петмина мажи, почнав да учам вистини што сè уште не ги разбирам.rnrnТоа што досега го знам е дека момците и мажите ќе ти кажуваат нешта. Тие ќе очекуваат нешта, ќе бараат нешта, ќе делуваат без да прашаат… и некој постојано ќе ти кажува дека самата себе се ставаш во таа ранлива позиција и дека не ни можеш нешто друго да очекуваш.rnrnНо, јас не сакам никогаш да се чувствуваш виновна затоа што си верувала некому. Да веруваш, тоа е прекрасно нешто. Немој да ја губиш вербата во довербата, особено во довербата во луѓето, затоа што ти ветувам дека светот во суштина е добар, но како и со сè останато, постојат елементи што не се толку посакувани.rnrnНе се плаши од луѓето. Никогаш немој да ја губиш својата способност да веруваш и да љубиш затоа што тоа се најубавите нешта што еден човек може да ги прави. Запомни и дека не можеш ни да ја спознаеш љубовта во целост пред да разбереш дека таа доаѓа заедно со почит, достоинство и доверба во себе.rnrnНиту една врска не може да те дефинира, но начинот на кој се поврзуваш со луѓето во тие врски кажува многу за тебе. Оваа година, сфатив дека не треба да се судам според успехот на врските, туку според начинот на кој љубам. Дека треба да се ценам себеси за оваа љубов, за начинот на кој ја покажувам љубовта. Учам и како да ја ценам љубовта што ја давам на другите за да можам да имам доверба во оние што ја ценат оваа љубов исто колку и јас.rnrnВрските нема секогаш да успеваат и не секогаш ќе може да се најде кој бил виновен за крајот. Понекогаш, едноставно сфаќате дека патиштата по кои одите веќе не се движат паралелно. Друг пат, твојот партнер ќе те истроши и ќе земе сè што може од тебе, па после само ќе те скрши и ќе си замине.rnrnНашите врски се дел од постојан процес за евалвирање на начинот на кој се поврзуваме со светот околу нас. Можеби звучи како премногу оптимистичко, но јас морам да верувам во ова – не затоа што е единствениот начин да не се чувствувам ужасно за себе и за своите врски, туку затоа што е единственото нешто што има смисла.rnrnНикогаш не се плаши да веруваш. Но, исто така и не се плаши да учиш.rnrn[/message_box]rnrnПрочитајте го и ова неверојатно моќно писмо на една мајка до својата ќерка тинејџерка!rnrn
Отворено писмо за љубовта на една мајка до својата идна ќерка
