КАФЕ ПАУЗА

11 работи кои луѓето не сфаќаат дека ги правите поради тоа што сте депресивни

Written by

in

,

Депресијата е психолошко нарушување што негативно влијае на начинот на кој се чувствувате, размислувате или пак, на тоа како се однесувате. За среќа, таа може да се лекува, но само доколку личноста ја прифати оваа состојба. Депресијата предизвикува чувства на тага и изгубен интерес за активностите во кои некогаш сте уживале. Па, тоа може да доведе до различни емоционални и физички проблеми, а исто така може во голема мера да ја намали способноста да се функционира дома и на работа. Иако симптомите на депресијата во некои случаи може да не бидат многу видливи, постојат и некои секојдневни работи кои го покажуваат тоа. rnrn11 работи кои луѓето не сфаќаат дека ги правите поради тоа што сте депресивниrnrnНекои луѓе може лесно да ја препознаат оваа состојба, додека пак другите не. Депресивните личности најчесто не ја признаваат својата состојба пред останатите, па се обидуваат да направат сѐ што е во нивна моќ да го сокријат тоа. Доколку се сметате себеси за депресивна личност, погледнете ги овие знаци кои можеби оние околу вас не сфаќаат дека ги правите со цел да ја прикриете вашата состојба.rnrn

1. Правите сѐ што можете за да го скриете фактот дека сте депресивни

rnКога имате депресија, ќе се обидете дури и да се уверите себеси дека сѐ е во ред со вас. Ќе ставате лажна насмевка на лицето, каде и да одите и вашите пријатели ќе ви завидуваат на ентузијазмот и енергијата кои се чини дека секогаш ги имате. Но, вистината е дека внатрешно вие се чувствувате исцрпени, изгубени и тажни.rn

2. Им викате на вашите најсакани

rnМногу често се случува да им викате на оние кои воопшто не се виновни. Вие имате премногу негативна енергија во вас и понекогаш викањето е единствениот начин за да се ослободите од неа.rn

3. Повторувате сѐ

rnБез разлика на што се однесува, вие ги повторувате работите повторно и повторно, сѐ додека не се изморите. Вие сте перфекционист и не можете да престанете да се обидувате да ги задоволите останатите околу вас.rn

4. Се лекувате самите

rnДоколку се чувствувате депресивно, не можете да испиете само една чаша вино за време на вечерата. Алкохолот прави барем накратко да заборавите на вашите проблеми, па иако знаете дека ова не е вистинското решение, сакате барем една вечер да заборавите на случувањата.rn

5. Ги откажувате плановите кои навистина сакате да ги остварите

rnБез разлика дали тоа е свадбата на која едвај чекавте да отидете или пак концертот за кој вашите пријатели веќе долго ви зборуваат, понекогаш не би можеле да се справите со ваквите ситуации па затоа ги откажувате планирањата. Ова не значи дека вие сте сакале да го направите тоа, но во вашата ментална состојба, сѐ што ви треба е да бидете сами.rnrn11 работи кои луѓето не сфаќаат дека ги правите поради тоа што сте депресивниrn

6. Чувствувате болка насекаде

rnДепресијата, исто како и анксиозноста, може да предизвика и физички симптоми. Понекогаш оваа ментална болест може да направи да чувствувате како вашето тело да тежи еден тон и како да ве болат сите коски.rn

7. Не можете да останете будни

rnДепресијата дефинитивно може да ви предизвика проблеми со спиењето. Може да ви биде тешко да останете будни дури и за време на денот, затоа што немате мотивација и се чувствувате премногу уморни за да направите што било.rn

8. Јадете сѐ што ќе здогледате

rnКога не се чувствувате ментално добро, тогаш храната може да биде единственото нешто што ви нуди удобност.rn

9. Губите апетит

rnИсто така може да се случи и спротивното. Со депресијата доаѓа голема загуба на енергија и ентузијазам за учествување во одредени активности. Јадењето може да биде една од тие работи.rn

10. Правите надворешно вашиот живот да изгледа совршен

rnНе сакате никој да се грижи за вас, па правите сѐ што можете за да ги убедите вашите пријатели дека сте добро. Објавувате позитивни статуси и слики на социјалните мрежи и избегнувате каков било знак кој може да предизвика другите да ве прашаат за вашата состојба.rnrn11 работи кои луѓето не сфаќаат дека ги правите поради тоа што сте депресивниrn

11. Плачете без причина

rnПонекогаш, ќе се разбудите и ќе забележите солзи на вашето лице. Некои денови можете да бидете среќни во еден момент, а веќе наредниот да плачете без причина. Може постојано да мислите „Зошто сум тажен/а?“, „Зошто плачам?“, „Би требало да бидам среќен/а“. Но, депресијата е болест и тоа не е ваша вина.rnrnНајдобро е да го согледате своето однесување и доколку сметате дека покажувате знаци на депресија, обратете се до стручно лице. Не срамете се да разговарате за вашите проблеми, затоа што после сѐ, ќе можете животот да го гледате појасно!