КАФЕ ПАУЗА

4 едноставни совети благодарение на кои ќе се разбудите со поубава коса

Познато е дека додека спиеме ги полниме батериите, но покрај сила и енергија, добриот сон влијае и на нашата убавина. Дали знаете дека со неколку трикови дури и вашата коса може да изгледа подобро кога ќе се разбудите наутро? Еве како.rnrn1-4-ednostavni-soveti-blagodarenie-na-koi-kje-se-razbudite-so-poubava-kosa-kafepauza.mkrn

1. Користете свила

rnПамучните навлаки за перници се добри, но за вашата коса многу подобри се свилените, бидејќи помалку ги оштетуваат фоликулите на косата додека се вртите со главата во текот на ноќта. Свилената навлака или пак свилена марама замотана околу косата навечер, ќе ја чуваат вашата коса во добра состојба, па наутро нема да се разбудите со непријатни изненадувања во огледалото.rn

2. Не врзувајте ја косата за спиење

rnПред спиење се препорачува да не ја врзувате косата во опавче бидејќи така може да ги скршите влакната. Но, доколку многу ви смета и не можете да спиете без да ви е прибрана, подобро користете платнени стегачи или марама, наместо обични ластичиња.rn

3. Легнете си со влажна коса

rnИскористете ги топлите летни денови за да ја миете косата навечер. Легнете си со влажна коса и оставете ја природно да ви се исуши до утрото – така таа ќе биде побујна и помека. Ако сакате совршена летна фризура, пред спиење лабаво заплетете ја косата во вид на рибина коска, а претходно можете да нанесете и малку гел. Кога ќе станете наутро ќе имате благи кадрици и фризура подготвена за носење.rn

4. Нахранете ги врвовите

rnПред да си легнете, на врвовите на косата нанесете малку хранливо масло. Тоа може да биде посебно масло за коса, но може да се користи и некое обично здраво масло како маслиново, бадемово, кокосово или комбинација од нив. Врвовите на косата се секогаш посуви од коренот, па со малку хидратација пред спиење ќе станат помеки и посјајни.