Со приближувањето на летото повеќето луѓе почнуваат да се грижат за својот изглед, а особено жените. Една од нивните најголеми болки е целулитот. Тоа е естетски проблем кој може да се појави и кај мажите и кај децата, но најчесто на мета се жените со оглед на тоа дека се јавува кај 95% од нив.rnrn
rnrnБлагодарение на овој рецепт за природен лосион, резултатите ќе ги забележите веќе за 30 дена. Не трошете пари на креми и третмани, дома можете сами да си направите евтино средство кое навистина може да ви помогне.rnrnСоставот на овој лосион е многу поедноставен во споредба со комплицираниот состав на купечките креми и гелови со стотици хемиски состојки кои најчесто не функционираат.rnrnНаправете го овој лосион и секојдневно со него мачкајте ги погодените места. Резултатите ќе бидат набрзо видливи, секако доколку сте упорни.rn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- ½ јаболко
- 2 моркови
- 1 краставица
- ¼ главица свежа зелка
- 1 лимон
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnНаправете сок од сите овие состојки, добро измешајте и протресете.rn
Начин на употреба:
rnНанесувајте го секој ден по еднаш, најдобро пред туширање. Вмасирајте го на сува кожа во деловите кои се зафатени со целулит и погрижете се добро да впие.rnrnОблечете стари памучни хеланки, седете или лежете и после половина час истуширајте се.rnrnОстатокот од сокот чувајте го во фрижидер. Подготвувајте нова тура од лосионот по потреба.rnrnКомбинацијата на овие моќни сокови кои се познати по своето фантастично дејство во дермалната примена, ќе ви ја зацврстат кожата, ќе ви ја поттикнат циркулацијата, ќе ви ја намалат збрчканоста на кожата и секако видливоста на самиот целулит.rn
Вежби и исхрана кои ќе придонесат за посилни ефекти во текот на третманот
rnДодека го применувате овој лосион, секој утро пијте по 2 големи лажици јаболков оцет растворен во голема чаша вода.rnrnАко сакате долготрајно да ги задржите добиените резултати, време е да почнете да практикувате и некои други здрави елементи во вашиот живот. Размислете за јога, вежби за зацврстување, брзо одење, пливање, танцување, скокање на трамполина, боречки вештини…rnrnСоздадете секојдневна навика да вежбате по 20 минути 5 дена во неделата. Вашето тело ќе се врати во рамнотежа и ќе се намали целулитот.rnrnИсхраната базирана на намирници со помала количина на масти помага во намалување на целулитот како што се житариците, а исто така помага и за исфрлање на токсините од телото. Овошјето и зеленчукот како аспарагус, авокадо, банана, брокула и крушка се одлични за превенирање на развојот на целулит. Затоа секој ден обидувајте се да јадете по 5 мали порции од овие намирници.rnrnДруги корисни додатоци кои можете да ги вклучите во вашата исхрана се омега 3 масните киселини, лененото масло, гинко билобата и соиниот лецитин. Тоа се многу ефикасни додатоци во исхраната кои делуваат на подобрување на циркулацијата, метаболизмот и штитат од оштетување на клетките.rnrnИ за крај, држете се настрана од алкохолот, шеќерот, цигарите и кофеинот, бидејќи тие ги намалуваат крвните садови и го влошуваат изгледот на целулитот. Исто така обидете се да намалите со внесувањето на сол, со оглед на тоа што таа го поттикнува задржувањето на водата, а со тоа и видливоста на целулитот.