КАФЕ ПАУЗА

Филм: Пиксели (Pixels)

Written by

in

,
Вонземјани ја напаѓаат Земјата со карактери од ретро видео игри

rn(2) Филм: Пиксели (Pixels)Режија: Крис КолумбусrnrnУлоги: Адам Сендлер, Кевин Џејмс, Мишел МонаханrnrnВреметраење: 106 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 24 јули 2015rnrnЖанр: акција, комедија, научна фантастикаrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnСтанува збор за смешна и лесна комедија која е одлична за одморање на вашиот мозок. Овој филм е типичен за стилот на Адам Сендлер, со малку поголема креативност во приказната од вообичаено. Настаните започнуваат во минатото, кога Бренер (Адам Сендлер) е момче кое има исклучителна дарба за видео игри. Тој дури и ќе учествува на првиот меѓународен натпревар, каде што ќе се натпреварува во видео игри како Пекмен и Донки конг.rnrn(3) Филм: Пиксели (Pixels)rnrnОвој натпревар ќе биде сниман од страна на НАСА, кој потоа заедно со други снимки и поздрави од познати ликови ширум светот ќе биде испратен преку сонда во длабоката вселена. Иако намерата на овие пораки е добронамерна, една раса вонземјани ќе ја сфати како закана и токму затоа ќе се подготват да возвратат со иста мера – преку познатите карактери од видео игрите. Но, во денешно време кој го помни нивното постоење?rnrn(4) Филм: Пиксели (Pixels)rnrnБренер ќе биде единствениот кој ќе ја препознае шемата на движење на нападите и ќе го предупреди претседателот, кој истовремено е и негов најдобар пријател, со цел да се обиде да го спаси човештвото. Токму во тој момент ќе настане тим од шампиони во ретро видео игри кои ќе им се спротивстават на вонземјаните и ќе им покажат дека нема подобри гејмери од луѓето. Барем не во овие видео игри…rnrn(5) Филм: Пиксели (Pixels)