Oригинални италијански лазањи: Вкус што не се заборава

Сподели

Италијанците, како и целиот свет, сметаат дека лазањите потекнуваат од Болоња. Но вистината е дека тие настанале во Грција, а името го добиле по глинената тава во која се правеле позната како „lasanon“.

Реклама

Италијанците малку го преправиле рецептот и со текот на времето лазањите станале нивно традиционално јадење. Во продолжение погледнете го рецептот токму за овие „преправени“ лазањи.rn

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ

rn

    rn 011

  • 500 грама кори за лазања
  • rn

rn

За рагу сос:

rn

    rn 011

  • 250 грама мелено говедско месо
  • rn 011

  • 250 грама мелено свинско месо
  • rn 011

  • 500 грама сос од домати
  • rn 011

  • 1 главица кромид
  • rn 011

  • 1 чешне лук
  • rn 011

  • 70 грама ситно исечкан корен од целер
  • rn 011

  • 70 грама ситно исечкани моркови
  • rn 011

  • 1 голем ловоров лист
  • rn

rn

За бешамел сос:

rn

    rn 011

  • 1 лажица путер
  • rn 011

  • 1 литар полномасно свежо млеко
  • rn 011

  • 2 супени лажици брашно
  • rn 011

  • Мускатно оревче
  • rn 011

  • 120 грама свежо рендан пармезан
  • rn

rn

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА

rnЗа редење на лазањите потребна ви е правоаголна тава.rn

Рагу сос:

rnСитно исечканите кромид и лук, морков и целер пржете ги на маслиново масло. Додајте го меленото месо, пржете, па додајте сол и бибер. Потоа додајте го сосот од домати и ловоровиот лист. Покријте го садот и оставете го да се готви половина час.rn

Бешамел сос:

rnРастопете го путерот во големо тенџере, тргнете го од оган и додајте го брашното. Вратете го тенџерето на шпоретот и мешајте додека не добиете густа хомогена смеса. Повторно тргнете го садот од огнот и постепено додавајте го млекото со непрекинато мешање. Додавајте млеко секогаш кога смесата ќе стане хомогена. Вратете го тенџерето на оган и мешајте додека не добиете густина на јогурт. Додајте сол, бибер и рендано мускатно оревче.

Тавата премачкајте ја со масло и наредете го првиот ред кори за лазањи. Нанесете еден ред месо, една лажица рендан пармезан и еден кутлач од бешамел сосот. Повторете ја постапката додека не го потрошите филот.

Пред крајот на корите додајте само бешамел сос и пармезан, а на последната кора додајте и малку сос од домати.

Печете 20 минути, во рерна загреана на 180 степени.

Доколку сакате верзија без месо, пробајте ја оваа вегетаријанска лазања со спанаќ.

Популарно

Може ќе ве интересира