Лазања без месо, која никогаш нема да ви се здосади…rnПотребни состојки:rn
- rn011
- 12 кори за лазања
- масло за готвење
- 400 г спанаќ
- 250 г пелати (излупени домати од конзерва)
- 3 лажици маслиново масло
- 200 г путер
- 150 г брашно
- 150 мл млеко
- 6 лажици рендан пармезан
- 5 јајца
- Сол
- Мускантно оревче
- 1 лажица мешан зачин
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnНачин на подготовка: Пелатите убаво исцедете ги, извадете им ги семките, исечкајте ги и ставете ги во загреано маслиново масло. Пржете ги додека не испари течноста.
Спанаќот исчистете го, измијте го и кусо варете го во зовриена солена вода. Потоа извадете го, оладете го и исечкајте го.
Брашното пропржете го на путер, додадете го млекото и гответе околу 5 минути непрекинато мешајќи со жица. Додадете го мускантното оревче, посолете и бешамелот е готов.
Кога бешамелот ќе се олади, во него додадете ги сечканиот спанаќ, лажицата мешан зачин и јајцата, кои претходно ќе ги изматите.
Сварете ги корите за лазања но не докрај, исцедете ги и оладете ги. Земете тава, намачкајте ја со масло за готвење и наредете ред од корите за лазања. Потоа, ставете прво од сосот од пелат, па од бешамелот со спанаќ и одозгора повторно ставете ред со кори. Постапката повторете ја додека не ги потрошите корите, а на крајот одозгора сипете го остатокот од бешамелот и пармезанот. Печете на загреана рерна на 180 Целзиусови степени, околу 40 минути.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

