Во врската со него нема да има несигурности, нема да треба да ги преиспитувате неговите намери, ниту пак да чекате некој знак, затоа што сѐ ќе ви биде јасно. Погледнете ги овие 15 начини на кои оваа личност ќе се бори за вас и за вашата врска.
rn
1. Ќе се бори за вашето внимание
rnТој ќе се претстави самоуверено, искрено ќе ви ги покаже своите намери и комуникацијата ќе ви биде едноставна. Стравот од одбивање нема да го спречи подобро да ве запознае, а првиот впечаток ќе ви биде прекрасен и тој ќе се потруди да го запаметите.rn
2. Ќе се бори подобро да ве запознае
rnОва момче нема да ви испраќа некои глупави пораки само кога му е досадно. Тој ќе се потруди повеќе да ве запознае, ќе ви поставува прашања, а и ќе памети што ви се допаѓа, а што не. Вие нема да треба да преиспитувате дали му се допаѓате или не, затоа што одговорот очигледно ќе биде потврден.rn
3. Ќе се бори да го задржи вашиот интерес
rnТој ќе измислува убави места каде што би можеле да отидете, разговорите ќе ви бидат интересни и ќе ве изненадува на различни начини. Тој сака да знаете дека се грижи и се труди за вас.rn
4. Ќе се бори да ги сруши вашите ѕидови
rnТој ќе ви поставува тешки прашања, ќе слуша за вашето минато и ќе се обиде да разбере зошто сте поставиле ѕидови околу себе. Тој ќе сфати дека секој сака да го заштити своето срце и нема да се плаши да се бори за да ја сруши вашата заштита.rn
5. Ќе се бори да ја докаже својата лојалност
rnТој знае дека довербата не се дава, туку дека треба да се заслужи, па така, ќе сака да ја придобие вашата доверба. Тој ќе ги одржува неговите ветувања, ќе биде со вас и ќе презема одговорности ако нешто не излезе ако што треба. Вие нема да се сомневате во неговите намери, затоа што тој е јасен уште од првиот ден.
rn
6. Ќе се бори да пронајде пат во вашиот свет
rnТој ќе се потруди да ги запознае вашите пријатели и семејството. Ќе го интересира она што вам ве интересира. Ќе стане дел од вашиот свет и ќе ве повика и вие да станете дел од неговиот.rn
7. После кавгата, ќе се бори да покаже дека навистина му е гајле
rnДури и кога ќе ви се лути, нема да дозволи да заборавите колку му е грижа за вас. Тој ќе биде праведен и разумен. Ќе се бори да останете заедно, а не да биде по негово.rn
8. Ќе се бори за вас
rnТвоите непријатели ќе станат и негови. Тој ќе ги слави вашите победи како свои. Ќе биде член на вашиот тим полн со ентузијазам и ќе се бори да ви помогне по секоја цена.rn
9. Ќе се бори да ве насмее кога имате лош ден
rnКога ќе се чувствувате лошо, тој ќе ве расположи, а добро знае што треба да направи за повторно да се насмевнете. Исто така ќе знае дека и вие истото ќе го направите за него.rn
10. Ќе се бори постојано одново да се заљубувате во него
rnТој нема да престане да прави некои работи само затоа што сте негови, туку целиот живот ќе продолжи да ве изненадува со мали нешта.
rn
11. Ќе се бори за вас во моментите кога се сомневате
rnКога ќе се сомневате во вашата врска, тој ќе биде до вас, ќе биде полн со трпение, разбирање и охрабрување. Тој нема да ве напушти дури ни кога некој друг можеби би го направил тоа, туку ќе биде со вас без оглед на сите проблеми.rn
12. Ќе се бори за работите во кои вие верувате
rnВашите страсти ќе станат и негови. Тој ќе ги почитува вашите вредности и ќе сака да ви помогне за да се борите во она во што верувате.rn
13. Ќе се бори за покрај вас да се развива како личност
rnСекоја врска доаѓа до фаза на стагнација, но оној вистинскиот секогаш ќе сака да се развива како личност покрај вас, а и вам ќе ве инспирира да го правите истото – вие ќе сакате да бидете подобра личност, а и тој ќе се чувствува исто поради вас.rn
14. Ќе се бори секој нов ден да ве сака повеќе од претходно
rnТој ќе знае дека во љубовта не постојат граници и дека секогаш можете да сакате уште повеќе. Ваквата личност секојдневно ќе се бори да ви покаже колку сте посебни.rn
15. Ќе се бори засекогаш да бидете негова
rnНема да морате да се прашувате кои се неговите намери и дали сака да биде со вас подолг период, зашто тој секогаш ќе ве потсетува дека е сериозен во врска со вас и дека сте девојка за која вреди да се бори. Тој секогаш ќе се бори со иста сила, секој ден, до крајот на неговиот живот.

