КАФЕ ПАУЗА

Одржување хигиена за време на коронавирусот: Ова секое домаќинство веднаш треба да почне да го прави

Одржување хигиена за време на коронавирусот: Ова секое домаќинство веднаш треба да почне да го прави

Сите сме одговорни за одржување на чистотата во целиот дом, со посебен акцент на кујната.rnrnПравилата се должни да ги применуваат сите членови на семејството, како и да се однесуваат одговорно во согласност со препораките на надлежните.rnrnОдржување хигиена за време на коронавирусот: Ова секое домаќинство веднаш треба да почне да го правиrnrnИнфекцијата со коронавирусот се шири преку заразените површини, па затоа е важно да се променат навиките што го зголемуваат ризикот од пренесување што е можно поскоро.rnrnНикој не може со сигурност да каже колку долго вирусот се задржува на различните површини. Постојат информации дека времетраењето е подолго кога станува збор за метални површини, но проценките се движат од неколку часа до 10 часа.rnrnБидејќи преносот на вирусот најчесто се прави преку допирање на заразената површина и потоа негово внесување преку рацете, многу е важно особено да се задржите на хигиената на рацете и храната.rn

1. Хигиената започнува уште при набавка на продуктите

rnОдржување хигиена за време на коронавирусот: Ова секое домаќинство веднаш треба да почне да го правиrnrnОдете во продавницата со список на потребните продукти, земајте ги по ред, уредно и без непотребно допирање на она што не планирате да го купите.rnrnИмајте на ум да не го допирате лебот што сè уште се продава во полуотворени кеси во многу продавници. Кога е тоа можно, купете леб што е затворен во кеса.rnrnКупувајте спакувана храна наместо таа што се продава на мерење, особено ако на полиците гледате отворени вреќи или пластични кутии со продукти.rnrnНе се задржувајте во редиците повеќе од потребно, особено кога продавницата е преполна. Сè што може да се нарача нарачате преку Интернет и останете дома.rn

2. Хигиена на продуктите дома

rnОдржување хигиена за време на коронавирусот: Ова секое домаќинство веднаш треба да почне да го правиrnrnВеднаш штом ќе се вратите дома, отпакувајте ги продуктите од торбите и веднаш измијте ги.rnrnВнимателно извадете ги продуктите од нивната амбалажата и спакувајте сè што можете во домашната амбалажа.rnrnИсто како што обично ставате кафе и шеќер во други садови, така веднаш измијте го овошјето и ставете во сад. За малите деца, отпакувајте ги чоколадите, искршете ги на коцки и ставете го во тегла со капак. Додека распакувате, мијте ги рацете повремено.rnrnПроизводите се многу валкани, бидејќи минуваат низ „илјада раце“ додека не стигнат до полицата.rnrnТогаш вие ќе ги ставите во не толку чистата корпа, со рацете со кои сте чепнале на многу места, а на касата ќе ги земете валканите пари.rnrnЗвучи претерано, но патеката на производите е, исто така и патека на инфекцијата.rnrnВо принцип, многу бактерии се повеќе од добредојдени во домот, секој епидемиолог тоа ќе ви го потврди. Но, поради тоа што многу малку се знае за тековната пандемија на коронавирусот, секој може да помогне во намалувањето на ризикот со примена на мерките на претпазливост и зајакнување на хигиената.rn

3. Оброците подготвувајте ги и јадете ги дома

rnОдржување хигиена за време на коронавирусот: Ова секое домаќинство веднаш треба да почне да го правиrnrnАко не сакате или не можете да готвите, секогаш можете да ја изберете помалку ризичната варијанта. Затоа е подобро да нарачате храна и да јадете дома со својот прибор. Дома може и да ја загреете храната на висока температура, што ќе ги уништи бактериите.rnrnОва е решение за да се избегнат гужвите во рестораните, како и ризикот од користење прибор за јадење што не сте го измиле лично.rnrnАко веќе јадете надвор од домот, и можете да изберете, тогаш секогаш е подобро да јадете на отворено.rnrnНаправете го тоа во киоск за брза храна. Дури и ако е малку студено, подобро е да јадете пред киоскот отколку во затворениот простор во мал ресторан.rn

4. Планирајте оброци со термички обработена храна

rnОдржување хигиена за време на коронавирусот: Ова секое домаќинство веднаш треба да почне да го правиrnrnКога купувате продукти, планирајте ги оброците за да можете да ја чувате храната што никој не ја допрел со голи раце или што можете да ја подложите на загревање.rnrnОва значи дека зелката е подобро да се исчисти од надворешните лисја, но магдоносот што стои со часови во тегла со вода на полицата не е добредојден.rnrnАко сакате магдонос, не ставајте го во салата, туку во врела супа која ќе ја оставите да врие малку подолго.rnrnКога купувате зеленчук, одберете го оној што се лупи, а најбезбедно е да го јадете оној што е ставен во замрзнувач од есента.rnrnВо куќата, редовно бришете ги кваките, прекинувачите, клучевите и кујнски површини.rnrnРедовно користете кујнски крпи и сунѓери.rnrnОбработувајте ја храната само со чисти раце, а вашите нокти нека не бидат премногу долги.rnrnМожеби сакате да ги прочитате и овие 12 одлични совети како да ги намалите килограмите без да се откажете од вашата омилена храна.