Кој вика дека готвењето мора да биде досадна и сериозна домашна обврска? Постојат многу интересни, креативни и практични кујнски гаџети, кои можат да ви го направат денот забавен и покрај тоа што можеби поминувате многу часови носејќи престилка на себе. Следниве оригинални кујнски предмети, дефинитивно ќе ве расположат, а можеби и ќе ја направат вашата работа во кујната поедноставна.rnrnНа крај, не заборавајте да ни пишете кој кујнски гаџет ви е омилен. :)rnrnОва е држач за чај, кој пливајќи во водата, личи на опаш од страшна ајкула.rnrn
rnrnКога чајот ќе почне да испушта боја во жешката вода, изгледа како ајкулата да нападнала човек и крвта се разлеала низ морето.rnrn
rnrnПоголем ефект се постигнува со некој црвен чај од шумски плодови или брусница. Дизајниран е од страна на Пабло Метеода.rnrn
rnrnНаправете ја вашата следна домашна журка интересна со држачот за чепкалки за заби т.н. „Ауч“, кој има форма на вуду кукла. Со Ауч, боцкањето маслинки, колачиња и закуски, нема никогаш повеќе да биде досадно. Нарачајте овде.rnrn
rnrnОтворач за шише Ctrl+O, за сите љубители на овој шорткат. Дизајниран е од страна на „Арт Лебедев Студио“.rnrn
rnrnКреативен феминистички дизајн за отворач на тапи и капачиња, чија порака е да им пренесе на мажите, дека не се потребни мустаќи и машка сила, за да може да се отвори еден пијалак. Нарачајте овде.rnrn
rnrnПригответе нинџа-колачиња за вашето синче, внуче, комшиче со овие несекојдневни калапи. Најверојатно и вашиот партнер ќе обожава да ги грицка нинџиве. Нарачајте овде.rnrn
rnrnОваа шолја е практична според широчината, за оние кои сакаат да си топат кекс, додека пијат топло млеко или кафе. Дизајнирана е од страна на „Ентресуело“.rnrn
rnrnСо овие готварски ножици со пет остри сечила, можете да сечкате, дробите и ситните магдонос и други тревки, директно во тавчето или тенџерето, додека ви се готви манџата. Нарачајте овде.rnrn
rnrnСо помош на овој гаџет, благодарение на високата температура од вашето врело кафе, можете да запеглате некое „парталче“ облека, додека го чекате да се олади. Совршено е практичен, за оние кои имаат „канцелариски романси“. Дизајнирани се од страна на „Арт Лебедев Студио“.rnrn
rnrnОвој интелигентен дизајн на ножици плус шпатула, совршено ќе ви ја исече пицата и ќе ви овозможи да го пренесете парчето во чинија, без да ви падне топингот. Нарачајте овде.rnrn
rnrnОвие чашки ќе го променат вашето гледиште кон процесот на пиење, чувствување и вкусување на пијалакот, како и начинот на кој се „ослободувате“ од валканиот сад откако ќе завршите. Чашките се комплетно направени од агар, кој го има во морската трева и црвените алги, а ги има во три различни вкусови: лимон и босилек, ѓумбир и нане, рузмарин и цвекло.rnrn
rnrnСекоја од нив е дизајнирана така за да можете да ја фрлите во тревата, откако ќе завршите со пиење, (се разбира доколку не сакате да ја изгрицкате) бидејќи агарот е екстракт од морска алга, кој всушност го поддржува растот на растенијата. Дизајнот е направен од страна на компанијата „Тhe Way We See The World“.rnrn
rnrnОвие дизајни на соларничиња, дефинитивно ќе внесат малку „магија“ во вашето секојдневно јадење. Дизајнирани се од страна на Артур Ксин.rnrn
rnrnОваа паметна штица за сечкање, е дизајнирана специјално за подготовка на оброк, бидејќи има четири длабоки чиничиња вметнати во неа, во кои можете да ги сместите исечканите зеленчуци. Дизајнирана е од страна на Каин Лукас.rnrn
rnrnОткријте нов начин за уживање во вашите омилени шпагети. Оваа виљушка е специјално дизајнирана за да овозможува полесно завртување на шпагетите во неа, без да се мачите и да го губите трпението. Со неа, можете комотно да се фокусирате на вкусот, наместо на законите на физиката. Дизајнирана е од страна на Дамјан Станкович.rnrn
rnrnЗемате јајце, го кршите во овој сад, па го навалувате суштеството насочено со ноздрите накај длабокото чиниче и мисијата е завршена: перфектно ја одвоивте белката од жолчката, а истовремено и му го исекнавте носот. Не се препорачува за луѓе осетливи на стомак. 🙂 Нарачајте овде.rnrn
rnrnОва „Дрво-тостер“ има фенси транспарентни листови, кои ви го држат парчето леб, додека не се испече. Со оваа технологија, која вклучува транспарентна нано-електрична мембрана, дизајнерот му дава нова димензија на крцкавото, добро потпечено парче леб. Креативниов тостер е дизајниран од страна на „Јанко Дизајн“.rnrn
rnrnОвие држачи за кујнски крпи, навидум не се ништо поразлични од класичните, невини држачи од 50-тите години на минатиот век, сè додека не сфатите дека го пикате вашиот прст во задник на животно. Далматинецот привлекува повеќе внимание од останатите, но сите се добро дизајнирани за да ги сместите скришно во кујната или тоалетот. Тие со сигурност ќе ги насмеат вашите гости, а и вас после секое миење раце. Нарачајте овде.rnrn
rnrnДржач за ножеви, дизајниран од страна на Мартин Бас.rnrn
rnrnКреативни соларничиња во облик на батерии кои повторно се полнат. Нарачајте ги овде.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
