Алис Констејбл од Америка го сподели на Фејсбук начинот на кој најефикасно ја чисти машината за перење. Овој трик е особено корисен за да спречите протекување вода од филтерот до подот.rnrn
rn
„Ако сакате да го исчистите филтерот од машината за перење, мојот совет е да ставите крпа или пелена под филтерот. Пелената ќе ја апсорбира целата вода што истекува од филтерот и потоа можете веднаш да ја фрлите во ѓубре“, напишала Алис на социјалните мрежи.
rnСе препорачува да се чисти филтерот на секои три до четири месеци за да не се затне.rnrnНејзината идеја им се допадна на многумина и рекоа дека ќе ја испробаат, а имаше и такви кои подолго време користеле пелени за да ги избришат истурените течности. Една жена додаде дека ги користи пелените кога ќе се истури нешто на тепихот.rnrnПогледнете го овој трик што го споделила една мајка која го спасила кадифениот тросед откако нејзиното дете го „украсило“ со траен маркер.