КАФЕ ПАУЗА

Креативни предмети од плутени затвoрачи

Креативни предмети од плутени затвoрачи

Празниците се официјално зад нас, па од многуте испиени шишиња вино, како доказ остануваат само плутените затвoрачи, кои повеќето од нас без размислување ги фрлаат, но некои сепак имаат обичај да ги чуваат во фиока, дури и без да имаат јасна идеја за што би им се нашле. Доколку сте од овие вториве, еве неколку идеи како плутените затвoрачи можат да се искористат и да се претворат во прекрасни предмети.rnrnНаправете интересни печати со кои ќе ги изненадите вашите деца, а истовремено сите заедно забавувајте се додека ги изработувате. Потребно е само да го засечете едниот крај на плутата во посакуваната форма, исечената форма да ја обоите и печатите се готови!rnrnКреативни предмети од плутени затвoрачиrnrnНаправете свеќник што ќе допринесе за поромантична и потопла атмосфера во вашиот дом. Потребни ви се поголем и помал стаклен цилиндар кои треба да ги ставите еден во друг. Во поголемиот ги ставате плутите, а во помалиот свеќата и веќе поседувате уникатен свеќник кој ќе ја исполни вашата соба со топлина во овие зимски денови.rnrnКреативни предмети од плутени затвoрачиrnrnТабла со која подобро ќе ги организирате вашите семејни обврски, така што на неа прегледно ќе ги закачувате разните планови и потсетници, е вистинска идеја за секое семејство. Сè што ви треба е поголема дрвена даска со рамка, на која цврсто ќе ѓи залепите плутите.rnrnКреативни предмети од плутени затвoрачиrnrnУкрасете го вашето купатило со едноставна, но сепак интересна простирка. За да ја изработите ќе ви треба скалпел или остар нож за да ги исечете плутите попречно по должина, мушама на која ќе ги лепите исечените парчиња и лепак. Соберете еднакви тапи за да добиете добар краен резултат. Откако ќе ги дефинирате димензиите, почнете да лепите од страните, а кога веќе ќе ја имате рамката, пополнете ја внатрешноста.rnrnКреативни предмети од плутени затвoрачиrnrnЗа дополнителни идеи, прочитајте „како поинаку да ги употребите тапите од вино?“rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.