Уште од млада возраст, Мартин ван дер Вејден од Холандија, бил познат како пливачки талент кој ветува големи успеси. Но, пред воопшто да започне неговата кариера, тој се соочил со предизвик кој можел да стави крај на таа негова блескава идна кариера како спортист. На само 19-годишна возраст, на Мартин му бил дијагностициран рак.rnrn
rnrnПрогнозите на докторите не биле воопшто добри. Напротив, тие рекле дека постојат многу мали шанси младото момче воопшто да ја преживее леукемијата. Но, Мартин им го докажал токму спротивното.rnrn
rnrnНе само што издржливиот пливач го победил ракот, туку тој успеал многу набрзо да се врати во базените и да започне со тренинзи, само 2 години откако бил дијагностициран.rnrn
rnrnНа изненадување на сите, овој преживувач на леукемија ја однел неговата кариера на уште подалечно ниво, така што освоил златен медал на Олимписките игри во 2008 година, коишто се одржаа во Пекинг.rnrn
rnrnГолем број атлети се познати по тоа што ги туркаат нивните граници подалеку од нормалното, а Мартин не е исклучок од нив. Неодамна, пливачот се обидел да ја преплива патеката долга 200 километри на настанот „Elfstedentocht“ во Холандија.rnrn
rnrnЦелта зад овој настан, била да се соберат финансиски средства за истражување на ракот, кауза којашто го допира Мартин директно во срцето. Пливањето требало да трае 3 дена, во кои биле предвидени и многу кратки дремки за одмор.rnrn
rnrnКако и да е, како што Мартин пливал, почнал да се чувствува физички исцрпено и сметал дека водата била премногу загадена, за тој да може да продолжи понатаму.rnrn
rnrnСепак, тој успеал да исплива неверојатни 163 километри во времетраење од само 55 часа! И покрај тоа што тој не успеал да ја постигне неговата посакувана цел од испливани 200 километри, кампањата за прибирање средства постигнала голем успех. Херојскиот пливач успеал да покрене сума од 4 милиони долари.rnrn
rnrnВака изгледале неговите раце и нозе после 55 часа поминати во вода.rnrn
rnrnЕве што коментираат дел од луѓето на Интернет, откако ја прочитале приказната на Мартин:rn
„Каква легенда…“rnrn„Тој сепак освои нешто и овојпат… моето срце!“rnrn„Тој испливал 101 милја пред да се откаже. Тоа е лудило!“rnrn„Каков борец!“
rn
rnrnПрочитајте ги и овие важни животни лекции од олимписките натпреварувачи.
