Многу луѓе имаат проблем со мрсната коса до тој степен, што нивната коса изгледа валкана само неколку часа после миење. Решението за овој проблем не е секојдневното миење на косата, бидејќи шампонот уште толку ќе го иритира нејзиниот корен. Но, можете да го пробате овој домашен и евтин рецепт за шампон со листови свежо нане.
Ставете две раце свежо нане во три децилитри вода и варете 20 минути на тивок оган. Потоа процедете ја течноста и измешајте ја со шампон.
Доколку не сакате да употребувате регенератор, можете да употребите лимон.
Доколку сакате природен лосион за коса, можете и него да го направите дома. Во чаша вода измешајте две лажици јаболков оцет и малку сол. Ставете ја смесата на коренот од косата, оставете да делува еден час, па исплакнете со млака вода. Потоа исчешлајте ја и исушете ја косата.
Погледнете и како да си направите сув шампон за темна и светла коса.

