Започнува пријавувањето за летните пливачки школи – Пливај и уживај со Еуролинк

Сподели

Втора година по ред Еуролинк осигурување ја организира бесплатната пливачка школа за 120 деца на возраст од 7 до 12 години. Поаѓајќи од позитивните искуства од минатогодишната школа, оваа година Еуролинк, освен во Скопје, школата ќе ја реализира и во градовите Кавадарци и Битола под раководство на тимот на проф. Наташа Мешковска.

Реклама
Реклама

Часовите ќе се реализираат по програмата преземена од УССВИМ (Американска програма за обука на деца непливачи), која гарантира дека за 8 до 10 часа секое дете ќе ги совлада основните техники по пливање.rn

Реклама
Реклама
Пријавувањето за летните пливачки школи започнува:

rn

    rn011

  • од 1.6.2017 до 8.6.2017 година (Скопје)
  • rn011

    Реклама
  • од 26.6.2017 до 3.7.2017 година (Битола)
  • rn011

  • од 7.7.2017 до 14.7.2017 година (Кавадарци)
  • rn

rn

Летните пливачки школи го имаат следниот распоред:

rn

    rn011

  • прв час на 12.6.2017, последен час на 23.6.2017, секој работен ден од 11.00 часот – Спортски центар „Борис Трајковски“, Скопје
  • rn011

  • прв час на 5.7.2017, последен час на 12.7.2017, секој ден од 10.00 часот – Спортски центар „Император“, Битола
  • rn011

  • прв час на 17.7.2017, последен час на 24.7.2017, секој ден од 10.00 часот – Градски базен, Кавадарци
  • rn

rnРодителите може да ги пријават своите деца со испраќање порака на следната електронска адреса plivajiuzivaj@eurolink.com.mk со испраќање на следниве податоци: име и презиме на детето учесник, возраст, висина, тежина, име и презиме на родителот и контакт-телефон на родителот.

Селекцијата на пријавените кандидати за Скопје, Битола и Кавадарци ќе се одржи на првиот час, и ќе ја врши стручен тим под раководство на проф. Наташа Мешковска, која ќе избере 40 деца за учество во една школа, на возраст од 7 до 12 години. Критериумот за селекција е секое пријавено дете да може да исплива 25 метри, со помош на пливачко помагало – пловка.

Еуролинк осигурување на избраните кандидати ќе им обезбеди пливачки капчиња, пешкири и пливачки помагала. Останатиот дел од опремата, костими за капење, наочари и папучи, родителите ќе треба сами да ги набават задолжително во сина или сива боја.

Летната пливачка школа на Еуролинк е активност во рамките на програмата за општествена одговорност на компанијата: „Еуролинк – Вaшата врска со вистинските вредности“, преку која годишно се реализираат повеќе проекти од областа на образованието, културата и уметноста во Република Македонија.

Најново

Може ќе ве интересира