Навистина е здодевно да се мие косата секој ден. Доколку не сакате да го правите ова, можеби користите пудра или сув шампони за впивање на мастите кои се создаваат на коренот на косата. Белите пудри во прав се прифатливи за оние со светла коса, но темнокосите имаат проблем да ги скријат остатоците. Посоодветни се сувите шампони кои се доста скапи за толку честа употреба.rnrnМожете многу лесно и евтино да си направите сами, сув шампон за третирање на косата измастена на коренот, кој покрај тоа што ќе ја впие маснотијата, ќе ви даде и малку волумен.rnrn
rn
Сув шампон за светла коса
rn
Потребно е:
rn
- rn011
- 40 грама пченкарно брашно
- 50 грама сода бикарбона
- 5-10 капки есенцијално масло (лаванда, црвен цитрон)
rn011
rn011
rn
rnСтавете ги сите состојки во еден сад и измешајте убаво со виљушка. Префрлете ја смесата во тегличка и употребувајте стара четка за шминкање за да ја нанесувате на косата.rnrn
rn
Сув шампон за темна коса
rn
Потребно е:
rn
- rn011
- 40 грама пченкарно брашно
- 50 грама какао
- 5-10 капки есенцијално масло
rn011
rn011
rn
rnСтавете ги сите состојки во еден сад и измешајте ги убаво. На крајот префрлете ги во тегличка, а може и во соларник за полесно нанесување.rnrn
rn
Како се користи сувиот шампон?
rnЗемете со четката малку од смесата и тапкајте на коренот од косата. Ќе изгледате како да ви е сива косата, но не грижете се, остатоците ќе паднат. Оставете неколку минути да се впијат маснотиите и потоа исчешлајте се. Стилизирајте ја косата како што сакате.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
