Секако дека искреноста е најдобар пријател на секоја врска, но постојат одредени теми кои моментално би ја уништиле романсата, а и да бидеме искрени, никој не е целосно искрен за секоја најмала ситница. Па кога сè останато оди супер, зошто непотребно би започнувале осетливи теми кои со сигурност би довеле до конфликт и несогласувања? Со вашето момче одбегнувајте да дискутирате за:rnrn
rn
Неговите родители
rnТој може и самиот да биде свесен дека неговата мајка е кошмар во движење, но сепак ќе ја брани бидејќи му е мајка. Не создавајте кавги и одберете друг, попаметен начин доколку сакате да се одбраните себеси или да му докажете нешто. Не влегувајте во конфликт. Ваквата дискусија со сигурност ќе создаде караница.rn
Колку се задржувате во тоалетот
rnСекако, станува збор за сосема природна појава, но тоа е одличен начин за да се убие романсата и страста. Бидете вистинска дама, тоа е ваша приватност.rn
Вашиот омилен актер
rnСе разбира дека Вин Дизел е неподносливо згоден, но нема потреба да му го докажувате тоа на вашето момче. Ваквиот разговор ќе направи тој да се чувствува лошо. На крајот на краиштата, и вие не би сакале да бидете споредувани со Памела Андерсон.rn
Колку долго се подготвувате за излегување
rnСакате тој да се фокусира на крајниот резултат – ве гледа дека сте прекрасна кога ќе се подготвите. Зошто би се труделе да му ја објаснувате причината поради која ви требаше толку време за подготовка? И секако, тој не би разбрал, затоа оставете го процесот на дотерување да биде мистерија за него.rnrn
rn
Нервозни испади
rnОбјаснувајќи зошто сте се скарале со вашата сестра или зошто збеснувате толку околу мозолчето на вашето лице, ќе направи пред него да изгледате како невротична личност, паничарка која како да ужива кога е под стрес. Жените се многу поемотивни за разлика од мажите, затоа разговорите за чувства оставете ги за кафе муабетот со пријателките.rn
Проблеми со вашата самодоверба
rnРечиси и да нема нешто што повеќе ги нервира мажите од прашањето „дали фармеркиве ме прават дебела?“ Па секако дека нема да ви потврди, со оглед на тоа што не сака ни да ве навреди, а и не би уживал во третата светска војна која ќе ја предизвикате. Не заборавајте, самодовербата е клучен фактор за она што е секси. Дури и да не се чувствувате сигурни во себеси, движете се како топ модел, сами ќе ја забележите разликата.rn
Вашата менструација
rnСекако дека треба да знае доколку дошол „оној период од месецот“. Но не очекувајте дека би бил соодветна личност за разговор околу деталите поврзани со целиот процес.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
