Можеби ви изгледа дека едвај имате време за ручек во канцеларијата, а не пак за одново да се нашминкате. Затоа, еве два елегантни и убави изгледи кои брзо можете да ги претворите од канцелариска монотонија во вечерен гламур и сето тоа за време на работните часови.rnrn
rn
Изглед 1: Блескава и свежа
rn
rn
Чекор 1: Контури
rnРазубавете ја утринската шминка така што ќе додадете бронзер или потемна нијанса на руменило на вдлабнатините на образите, а потоа и по линијата на вилицата.rnrn
rn
Чекор 2: Руменило
rnЗа да блеснете, нанесете руменило кое ќе ги нагласи јаболчниците.rnrn
rn
Чекор 3: Очи
rnСо прстите, осветлете ги очните капаци со сенка во металик нијанса. Ако сакате да додадете сјај, искористете сенка во шампањ боја со отсјај. Ваквите сенки можат да се употребат и како основа на шминката за да ги нагласите очите и веѓите, потоа како ајлајнер, и врз карминот за да им додадете волумен на усните. За крај, финиширајте со маскара која ќе ги извитка вашите трепки.rnrn
rn
Чекор 4: Усни
rnМалку сјај за слатки и неодоливи усни.rnrn
rn
Чекор 5: Коса
rnНаместо едноставната плетенка, предните шишки и перчиња коса (успева на секоја коса) преплетете ги со два прамени и врзете ги во задниот дел со шноли, така што ќе направите забавна и лесна јаже-плетенка. Откако ќе го заплетете предниот дел, додадете перче коса и вметнете го во плетенката во делот што е најблиску до скалпот. Прицврстете ги краевите со две шноли. Користете металик шноли, како моден додаток.rnrn
rn
Чекор 6: Облека
rnВо чантата земете краток кожен шорц за успешна транзиција. Додадете чантичка во метална нијанса, за пошик изглед. Ако немате место за ваква чантичка, тогаш искористете го несесерот за шминки. Подеднакво добро ќе изгледа.rnrn
rnrnЗа вториот изглед преминете на следната страна.rnrn