КАФЕ ПАУЗА

Никогаш немојте да ги терате децата да ги прават овие 8 работи

Никогаш немојте да ги терате децата да ги прават овие 8 работи

Да се биде родител е голем предизвик, но и најтешката работа на која треба да ѝ пристапите одговорно и совесно. Додека ги одгледувате своите деца, можеби некогаш ќе им го повишите тонот или ќе направите некои грешки за кои не сте свесни. Поради тоа, прочитајте како да си ја олесните улогата на родител.rnrnНикогаш немојте да ги терате децата да ги прават овие 8 работиrn

1. Не терајте го детето да јаде, освен ако не е гладно

rnЛекарите советуваат три големи оброци на ден и пет помали, но треба да се има предвид дека секое дете е различно. Нашето тело нè предупредува кога треба да јадеме и кога да пиеме.rnrnРазмислете дали некогаш сте виделе дете кое нема гласно да стави до знаење ако е многу гладно.rn

2. Не присилувајте го да биде тоа што не е

rnАко вашето дете е срамежливо, прифатете ја таа особина и не ја менувајте. Немојте да го терате да се дружи со многу деца ако тоа сака да игра само со еден најдобар пријател.rn

3. Не треба да се извинува ако не знае што згрешило

rnМногу често на игралиште ќе ги слушнете родителите како им наредуваат на своите деца да се извинат за одредени работи. Децата ќе се извинат, но нема да знаат што направиле погрешно. Затоа, објаснете им што направиле погрешно.rn

4. Не инсистирајте детето да го поздравува секој минувач што ќе му се насмевне

rnПравилото „не разговарај со странци“ помага да ги заштитите децата од оние луѓе што немаат добри намери.rn

5. Немојте да го терате да спие во посебен кревет против своја волја

rnСекој родител има свое мислење, но генерално не треба да ги принудувате вашите деца да направат нешто за што не се подготвени.rnrnОставете ги самите да одлучат кога ќе бидат подготвени да спијат во својот кревет и во својата соба.rn

6. Немојте да го ставате детето на диета затоа што е дебело

rnИако некои деца се подебели од своите врсници и треба да ја намалат тежината поради здравјето, тоа не значи дека треба да им воведете ригорозна диета.rnrnДавајте му на детето здрава храна, зеленчук и овошје, а не слатки и сокови и тогаш нема да има потреба за диета.rn

7. Не присилувајте го детето да прави активности што не ги сака

rnАко вашето дете сè уште не ги совладало основните вештини по неколкумесечното тренирање фудбал, можеби тој спорт не го привлекува доволно. Дозволете му само да избере друга активност што ќе го интересира.rnrnДа прави нешто во коешто е добро е одлично искуство што влијае на самодовербата.rn

8. Не дозволувајте вашето дете да спие кај други ако не сака

rnНекои деца едноставно не сакаат да спијат кај својот другар затоа што ја сакаат својата соба и појадокот на мајката.rnrnАко вашето дете ви каже дека не сака да спие кај некој друг, не оставајте го таму без оглед на тоа какви обврски или планови имате. Најважно е детето да се чувствува безбедно и заштитено.rnrnПрочитајте и дали е добро да ги заспивате вашите деца лежејќи покрај нив.