КАФЕ ПАУЗА

14 нешта што се случуваат само доколку вашиот партнер ви стане и најдобар пријател

14 нешта што е неизбежно да се случат доколку најдобриот другар ви е партнер

Несомнено е дека љубовта е најубавото нешто што може да ви се случи. Таа ве придвижува, ве мотивира, ве поттикнува да бидете подобри. Ниту еднаш нема да се посомневате во количината љубов што ја чувствувате еден кон друг. Среќни и заљубени уживате во врската и ви се чини дека посреќен пар од вас двајца не постои во цел свет. Ако вашиот партнер е истовремено и вашиот најдобар другар, сигурно сте ги доживеале овие работи.rnrn14 нешта што е неизбежно да се случат доколку најдобриот другар ви е партнерrnrn

1. Секој бакнеж ќе ви биде како прв

rnДали го паметите првиот бакнеж со некој што ви значел? Како пеперутките го исполнија вашиот стомак, а вие мислевте дека ќе пукнете од нервоза, уживање, страв или можеби од сè ова истовремено? И кога тоа конечно се случи овие емоции се заменија со бранови возбуда што течат нив вашите вени? Така ќе биде така при секој бакнеж.rn

2. Повеќе плачете од среќа отколку од тага

rnКога вашиот партнер е истовремено и вашиот најдобар пријател, вие имате сличен вкус за хумор. Ќе се смеете заедно на сè толку многу што дури ќе ви потечат и солзи.rn

3. Пријатно ви е кога сте заедно

rnНе ви пречи доколку пред него носите пижами стари со години што веќе изгледаат износено. Не ви е грижа ни доколку косата ви изгледа како птичјо гнездо. Вие се чувствувате пријатно кога сте еден покрај друг и ги носите работите што не би се осудиле да ги носите во јавност.rn

4. Тишината никогаш не ви е непријатна

rnНе мора секој заеднички оброк да биде исполнет со разговор. И двајцата можете тивко да си гледате во телефоните без да помислите: „Дали со мене ѝ е досадно?“ или „Дали тој мисли на некоја друга?“ Кога вашиот партнер истовремено е и вашиот најдобар пријател, секоја секунда помината во негово друштво е квалитетно поминато време, дури и во тишина.rn

5. Тешките моменти ве прават посилни

rnКога поврзаноста е силна, никогаш не се чувствувате осамени, дури ни кога ви е најтешко. Кога ви се вика, плаче или едноставно сакате да се исклучите од светот, вашиот партнер ќе ви го чува грбот. Ќе ве остави да го направите тоа што ви треба и секогаш ќе биде до вас за да ги надминете потешкотиите. После тоа вие ќе бидете посилна личност, а истовремено и вашата врска ќе зајакне.rn

6. Можете да зборувате буквално за сè

rnНема ограничувања кога вашиот партнер е истовремено и вашиот најдобар пријател. Никогаш нема да ви здодеат ноќните разговори и филозофирања за кој ќе биде победник на некое кулинарско шоу или нешто слично.rn

7. Постојат работи кои сте ги споделиле единствено еден со друг

rnСподелувате одредени нешта само со одбрани луѓе. Некои работи единствено ги споделувате само со една личност и понекогаш таа личност е вашиот партнер. Кога имате длабока поврзаност, довербата се претвора во нешто навистина посебно.rn

8. Вие сте на истата страница

rnСекогаш ќе бидете на истата страница со вашиот партнер. Вие ќе ги знаете меѓусебните ставови на најразлични теми во долготрајната врска. Можеби нема секогаш да се согласувате, но секогаш ќе бидете покрај него и да го поддржите или да се повлечете и да го почитувате негово гледиште, доколку не се согласувате.rn

9. Развивате ваш таен јазик

rnВие сте толку долго заедно што речиси можете да си ги читате мислите еден на друг. Толку сте синхронизирани што можете да развиете и ваш таен јазик. За помалку од секунда, со краток поглед кон партнерот вие му кажувате: „Не го купувај тоа.“ „Имаме дома доволно.“ „Немој да го допреш тоа.“ Додека краткото кимнување со глава може да значи: „Во ред, направи го тоа, но за ова ќе разговараме дома“. Другите луѓе можат да ги прават истите движења, но само за вас двајца тие ќе имаат посебно значење.rn

10. Нема да чувствувате потреба за импресионирање

rnНа првиот состанок сигурно сте се дотерале најубаво, а потоа што и да носите вие ќе си изгледате фасцинантно и подеднакво привлечни како и кога сте многу дотерани.rn

11. Малите навики ќе ве налутат

rnКога сте сами ги правите работите на одреден начин. Кога ќе пронајдете некој посебен, вие внесувате нови навики во вашата рутина и почнувате да сфаќате дека малите нешта можат најмногу да ве нервираат. Постојано гледате влажни пешкири на креветот или чорапи расфрлани насекаде по подот? Кога ќе заврши тоа?rn

12. Навики кои ве тераат да се чудите како ја најдовте вистинската личност

rnЗа секоја навика која ве лути можете да најдете две други што ќе направат да се стопите од љубов. Како на пример, начинот на кој светкаат му очите кога зборуваат за неговите омилени хобија или како ве гушка додека спиете. Во тие моменти ќе се чувствувате како најсреќната личност на светот.rn

13. Можете да правите меѓусебни шеги на начин на кој никој друг не може

rnСекако, со добра забава. Кога знаете еден за друг работи што никој друг не ги знае, неизбежна е можноста за меѓусебно задевање.rn

14. Чувствувате како да нема доволно време во еден ден

rnУживате да поминувате време со вашиот партнер и никогаш не ви доволно – на крајот од денот секогаш ви фали повеќе. Денот може да има 100 часови и тие повторно нема да ви бидат доволни. Ќе сакате да го поминете целиот живот заедно.rnrnДознајте и дали заедничките интереси се клучни за здрава врска.