Да, морските и езерските пејзажи се едни од најневеројатните на планетата Земја, особено кога станува збор за летен одмор. Но, верувале или не, постојат неколку базени ширум светот што се наоѓаат рамо до рамо со најневеројатните мориња и езера. Погледнете ги следниве неколку локации што според корисниците на Инстаграм се најдобрите кога станува збор за базени!rn
Сан Алфонсо дел Мар Алгаробо (Чиле)
rn
rnrnАко некогаш сте се запрашале каде се наоѓа најголемиот и најдлабокиот базен во светот, тогаш дојдовте на вистинското место. Одговорот е во Чиле. Овој неверојатен базен е долг 1 километар, длабок 35 метри и содржи дури 250 милиони литри солена вода. Не е воопшто чуден фактот што покрај пливање, можете и да сурфате во овој базен.rn
Ресорт Марина Беј Сендс (Сингапур)
rn
rnrnСтанува збор за водена тераса со поглед кон градот. Овој базен се наоѓа во најпопуларниот ресорт во Сингапур, како дел од Небесниот парк на кровот на Марина Беј Сендс, на 57-миот спрат. Поради својата неверојатна локација, овој хотел е прогласен за најчесто објавуваниот на Инстаграм за 2017 година.rn
Ресорт Хувафен Фуши (Малдиви)
rn
rnrnДа, ова е тоа што се нарекува „бесконечен базен“. Не постои подобро име за ова место што во целост се претопува со океанот. За време на зајдисонцето, базенот изгледа како ѕвездено небо, правејќи го најромантичниот избор на оваа листа.rn
Хотел Белмонд Карусо Амалфи (Италија)
rn
rnrnЗа разлика од другите базени на оваа листа, овој се наоѓа многу близу до нас, па затоа и можеме да го посетиме барем на еден викенд. Базенот е опкружен со средновековни рушевини, а поради својата одлична положба на морските карпи, тој овозможува неверјоатен поглед кон Средоземното Море.rn
Блу Лагун (Исланд)
rn
rnrnАко планирате во скоро време да го посетите Исланд, тогаш Сината лагуна е местото што не смеете да го напуштите. Станува збор за вештачко геотермално езеро со сина вода, богата со алги, што има козметичка и освежувачка моќ. Бањањето во врелата вода, додека надвор температурите се под нулата, е искуство што никогаш нема да го заборавите.rnrnПогледнете ги и овие бесконечни базени за целосно опуштање!