Ние самите одлучуваме кои сме. Ние одлучуваме понекогаш да го гледаме светот со очилата на разочарувањето, наместо шансите, затоа што поминуваме низ тежок период. Кога сме нервозни, лути, разочарани, па дури и тажни, се обидуваме да ги обвиниме другите за нашата состојба: Родителите, надлежните, светот. Но, тоа е така затоа што сме свесни дека самите ние сме виновни за нашата несреќа.rnrn
rnrnПонекогаш посакуваме работите да беа поинакви, иако ништо не преземаме за да ја промениме реалноста. Зошто сакаме да бидеме успешни, кога се ограничуваме на повторливите и обичните работи кои ни го исполнуваат секојдневието? Ние престанавме да ја забележуваме убавината и потенцијалот. Ние никогаш нема да ја искусиме љубовта ако некому не ја подариме својата доверба. Љубовта доаѓа од меѓусебна желба, страст и почит за луѓето кои нѐ поддржуваат.rnrnКога би можеле повторно да ја најдеме нашата инспирација за да сакаме, да чувствуваме и надеваме? Бидејќи сега, ние самите сме си пречката на патот, и свесни сме за тоа. Светот никогаш нема да биде доволно важен додека не прифатиме дека ние не одлучуваме со кои предизвици ќе се соочуваме во животот, туку само како ќе реагираме на нив.rnrnМожеби нема да бидеме задоволни со она што го имаме и животот секогаш ќе нѐ разочарува. Но, потребно е да научиме како да се соочиме со реалноста и да се обидеме да ги прифатиме работите онакви какви што се, пред темнината да стане наша втора природа. Бидејќи, на крајот од сѐ, ние самите сме архитектите на сопствената несреќа. Но, исто така сме и архитектите на нашиот прекрасен, несовршен живот, доколку си ја дадеме шансата што ја заслужуваме.
Ние самите сме архитекти на сопствената (не)среќа
