КАФЕ ПАУЗА

Што говори за вас кафето кое го пиете?

Што говори за вас кафето кое го пиете?

Врстата на кафе која обожавате да ја пиете може да каже многу за вашата личност, покажуваат најновите истражувања. Истражувањето спроведено од клиничкиот доктор Рамани Дурвасула, во кое учествувале 1.000 испитаници пронашло врска помеѓу одредени типови на личности и врстите на кафе кои можат да се најдат на пазарот.rnrnШто говори за вас кафето кое го пиете?rnrnИстражувањето вклучувало разни типови луѓе и нивните карактеристики, како трпеливост, перфекционизам, енергичност, чувствителност, храброст и слично.rnrnДоколку сакате кремасти кафиња, како на пример капучино, тогаш најверојатно сте опсесивни и имате потреба постојано да ги контролирате работите, додека љубителите на кафе со млеко сакаат да ги усреќуваат луѓето, но не се грижат доволно за себе.rnrnОние кои пијат црно кафе стојат цврсто на земја и сакаат едноставност, но знаат понекогаш да бидат чудни.rnrnИнстант кафе пијат луѓе кои секогаш ги одложуваат своите обврски и кои се по малку мрзеливи.rnrnСлатки кафе-напитоци, ледено кафе и мешани кафиња, пијат храбри луѓе кои се сметаат себеси за пораснати деца.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.