Според Библијата, кралот Соломон бил третиот крал на Израел. Неговото име во превод значи „дете на мирот“ или „миротворец“, а луѓето го слават пред сѐ поради неговата голема мудрост. Прочитајте го следниов извадок од книгата „Соломон говори“ во кој се зборува за љубовта како суштина на животот и единствен начин за да се доживее среќа.rnrn
rnrnОна што е важно е да им се приближувате на другите луѓе, а не да се изолирате. Ние понекогаш мислиме дека во изолацијата се пронаоѓаме себеси. Но, тоа не е така. Ние се пронаоѓаме себеси во интеракцијата со другите. Тоа е и причината зошто не се наоѓаме на пуст остров.rnrnНие сме тука за да ги вклучиме другите животи во сопствениот живот. Да ги повикаме внатре. Лекциите кои треба да се научат лежат во таа интеракција.rnrnМожеби не постојат зборови со кои би можело тоа да се искаже, но вашата љубов кон животот може да се пренесе. Вашата љубов кон животите околу вас. Тоа е она што го носат луѓето, нивната способност да сакаат. Кога луѓето ќе ја изгубат таа способност, тие пропаѓаат и умираат од внатре. Сосредоточете се на таа љубов.rnrnКога ќе се насочите кон постигнувањето резултати, работите нема во истиот момент да се појават за вас. Знајте дека онаму каде што се наоѓа љубовта во вашиот живот, таму се наоѓаат и одговорите, тие лежат во вашата способност да ја пронајдете љубовта во вашиот живот. Тоа е патека. Сѐ друго самото ќе си дојде на место.rnrnТака на пример, врските кои ги имате со членовите од семејството се најважни. Тие не само што го создаваат вашиот живот, туку и вашата намера во животот. Тие ви даваат мисија и ги одредуваат околностите во кои вие сте само гостин.rnrnОние врски кои нѐ поврзуваат се од суштинска важност и неочекувани награди доаѓаат од нивното остварување. Вие доаѓате тука за да бидете дел од нивниот живот. Вие сте ги одбрале нив.rnrnВие сте емотивно поврзани со нив и имате многу да научите од нив. Тие нема да бидат тука уште долго. А нема ниту ние да бидеме… Вие… Тие. Морате да се обидете да го извлечете од нив нивното искуство во љубовта.rnrnПрашајте ги за љубовта која ја имаат во нивниот живот. Многу ќе научите. Не мора да се работи за љубов кон луѓе, прашајте ги што е она што го сакаат кај природата. Прашајте ја вашата мајка што сака во животот. Прашајте ги сите каде се наоѓа нивната љубов. Ќе откриете некои длабоки одговори.rnrnКога ќе ја споделите таа големина, вие се развивате и одите на повисоко ниво. Ние поминуваме толку многу време во зборување за тоа што го мразиме. Тоа е детинесто. Вратите се отвораат во љубовта и во семејството.rnrnИстото направете го и со вашите баба и дедо. Прашајте ги што сакале во нивниот живот. Што и понатаму сакаат. Ова можеби звучи како клише, но не е. Бидете отворени со нив и кажете им што вие сакате. Така ќе промените сѐ. Дозволете им да видат кои сте.
Мудроста на крал Соломон: Човекот засекогаш умира од внатре кога ќе изгуби една важна работа
